Шахпаска апелира до сите вработени од градинките да се вакцинираат

Апелирам до вработените во градинките, до оние кои не се вакцинирани, да се вакцинираат за да може по завршување на годишните одмори, градинките да работат со полн капацитет секако согласно епидемиолошката состојба во државата. Бројките кои ги добивме од Координативното тело задолжен за процесот на вакцинирање покажуваат дека помалку од 50 проценти од вработените во градинките се вакцинирани, истакна министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во интервју за Македонската радио телевизија.

Таа посочи дека во првиот бран, кога Владата подготвувала приоритетни групи кои треба да се вакцинираат, биле и вработените во градинките.

Министерката за труд и социјална политика потенцираше дека со доследно почитување на протоколите од страна на вработените, родителите но, и поради природата на вирусот, согласно ограничениот број на присутни деца, градинките беа првите отворени објекти во услови на пандемија. Со тоа, рече Шахпаска покажавме дека се безбедно место за згрижување на децата.см/лв/

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе