Серијалот ЕДУИНО-вебинари со 10 нови теми

Превртена училница, Оценување за време на хибридна настава, Креирање интерактивни ресурси за хибридна и асинхрона настава, Како да се воведат Целите за одржлив развој во наставата, Интердисциплинарен пристап во наставата за климатските промени, Дизајнерско размислување како наставен метод за ученици од основно и предучилишно образование, Креативно учење преку игра, Превенција на осипување на ученици, Мултидисциплинарна интеграција и Градење училипна клима и култура, се десетте нови теми што ги најавува вториот серијал на ЕДУИНО-вебинари 2021.

Како што најавува Смартап (SmartUp), ЕДУИНО-вебинари 2021 го проширува својот фокус кон применливото знаење, а учесниците ќе можат да го подобрат својот личен и професионален развој со помош на реномираните предавачи. Притоа, ќе добијат и два сертификата: за стекнати и за применети знаења.

Првиот онлајн ЕДУИНО-вебинар 2021 ќе се одржи на 20 октомври и за него се веќе пријавени преку 2000 учесници.. Темата е „Превртена училница – концепт, стратегии и потребни ресурси за спроведување“. Сите заинтересирани можат да го следат настанот онлајн, како учесници, преку зум платформата или на YouTube каналот на ЕДУИНО и преку видео-снимките кои ќе бидат поставени.

 „Еден од највисоките приоритети на проектот ЕДУИНО е градењето заедница која вклучува едукатори, соработници и просветни работници кои континуирано вложуваат во својот професионален раст и развој, а преку тоа придонесуваат за подобрување на квалитетот на образованието во целост. Оваа година особено внимание посветивме на начинот и процедурата за стекнување на сертификатите, со крајна цел зголемување на нивната вредност. Концептот предвидува предуслов за добивање на сертификатот да бидат реализираните активности на учесниците. Овој процес е осмислен за да им овозможи на слушателите да стекнат сериозно практично искуство“, вели Милена Игњатова, проектен  менаџер на ЕДУИНО.

Според Перо Сарџоски, координатор на ЕДУИНО-вебинарите, овозможено е и едукаторите кои не се познаваат, меѓусебно да преземаат идеи и практики, како и заемно да се поттикнуваат во работата.

„Во концептот на ЕДУИНО-вебинарите особено инсистиравме на можноста за меѓусебно споделување на изработените активности. Тоа е возможно со нивно прикажување на интерактивна табла која специјално е дизајнирана за овој серијал предавања и која понатаму ќе биде достапна за користење, со цел едукаторите кои не се познаваат, да имаат можност меѓусебно да преземаат идеи и практики и взаемно да се поттикнуваат во работата“, истакнува Сарџоски.

ЕДУИНО-вебинарите се бесплатни интерактивни неформални настани на кои учесниците имаат можност да следат предавања на актуелни, иновативни и напредни теми кои одговараат на потребите и предизивиците на наставниците, преку споделување примери од добри пракси и совети. Предавањата овозможуваат и стекнување сертификати за наставниците, воспитувачите, професорите и сите заинтересирани учесници на темите од областа на образованието, предвидува вториот серијал ЕДУИНО-вебинари 2021.

 Првиот серијал, ЕДУИНО-вебинари 2020, имаше над 18.000 учесници.

„Учејќи ги новите методи и алатки, учесниците на ЕДУИНО-вебинарите, ќе имаат можност да стекнат потребни вештини за имплементирање иновативни наставни методи поддржани од новите технологии, како и да се стекнат со практични вештини за алатки кои би ги применувале во наставата“, наведуваат од Смартап.

Проектот „ЕДУИНО: Колективно подобрување на образованието преку ко-креирање и иновации“ е финансиран од Владата на Обединетото Кралство преку Амбасадата на Велика Британија во Скопје, со поддршка на Министерството за труд и социјална политика (МТСП), Министерството за образование и наука (МОН), Бирото за развој на образование (БРО) и УНИЦЕФ. Проектот го спроведува СмартАп – Лабораторијата за социјални иновации. 

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе