Директорот на Институтот за имунологија за Сител

Сега сме околу пикот на сојот омикрон, но не е време за фрлање на маските, вели Петличковски

Директорот на Институтот за имунологија, д-р Александар Петличковски оценува дека сме некаде околу пикот на сојот омикрон, со оглед дека и во земјите во соседството и во земјите во Западна Европа, овој последен бран се ширеше многу брзо и многу побрзо стивнуваше, но порачува дека не е момент да се фрлат маските, бидејќи пандемијата не е завршена.

Во гостување на вестите на Сител тој рече дека не очекува во следните месеци и години короната да биде сериозен проблем за човештвото, но за предлозите од стручната јавност дека треба да се укинат мерките за заштита и да се овозможи формирање колективен имунитет преку овој сој омикрон бидејќи дава поблаги симптоми, вели дека тоа не е добар туку е опасен, хазардерски повик, затоа што „сѐ уште и денес, иако релативно полесна слика се гледа со сојот омикрон, не сме сигурни дека кај секој кој ќе се зарази со омикрон, сликата ќе биде таква“.

„Повторно има луѓе кои умираат од оваа зараза. Ние не знаеме во кој момент евентуално и оваа варијанта на коронавирусот ќе се промени во некоја поопасна, а тогаш ќе биде доцна да кажеме враќајте ги маските назад. Според сите светски научни препораки, почнувајќи од Центарот за контрола на болести и сите понатаму, ова не е момент маските да се фрлат. Напротив препораките одат во насока да се користат ефикасни маски, да се фрлат маски од ткаенина, хирушки маски и се повеќе луѓето да се ориентираат на N95 маски“, рече д-р Петличковски.

На прашање дали државата може да овозможи бесплатни тестови на учениците и дали такво нешто може да помогне во ширењето на омикрон, истакна дека веројатно може. Трендот во светот, вели, е држење на инфекцијата и на преносот на вирусот под контрола со тоа што се намалува периодот на изолација и се тежнее кон тоа луѓето што побрзо да се вратат во нормалниот живот. Според него, во таа насока би било добро оние кои се тестираат и се позитивни да се повлечат кратко од три до пет дена од јавниот живот и потоа по петтиот ден да се тестираат и доколку не се позитивни, да се вратат во нормалното функционирање.

Во врска со тоа дали може да се очекува зголемен број хоспитализации, рече дека омикрон е детектиран пред две недели, но оти веројатно и некое време пред тие две недели бил присутен.

„Се очекува да има зголемен наплив на хоспитализирани затоа што имаме многу голем број позитивни луѓе. Инаку релативно и бројот на смртни случаи и бројот на хоспитализации е значително подобар кога ќе го споредиме со делта сојот. Но, повторно да не се залажуваме, има луѓе кои умираат после инфекција со омикрон сојот. Препораките на СЗО се во таа насока, пандемијата се уште не е завршена и Ковид се уште е тешка болест. Затоа не е време за олабавување. Кога ќе ги погледнеме икуствата од земјите во Западна Европа гледаме дека овој бран трае кратко и последиците кои ги остава не се така страшни како претходно“, вели тој.

Според него, изненадување за науката е тоа што лица кои веќе прележале, повторно се заразуваат.

„Не очекувавме вакцините да траат толку кратко, имунитетот да отвора простор за нови инфекции. Не можеме да кажеме дека траат многу кратко бидејќи оваа лесна слика повторно може да е резултат и на претходната имунизација. Ние две години живееме со пандемијата и не сме на истата стартна позиција како пред две години. Овој имунитет кој глобално сме го стекнале и со прележување на болеста и со вакцинација има резултат и можеби дел од овие благи клинички слики се должат и на тоа. Овој вирус е изменет во однос на претходните и тие измени му даваат простор да може да ги избегне имуните механизми, но повторно сите статистики во светот укажуваат дека клучната придобивка од вакцинацијата, спасување живот и заштита од тешка болест е евидентна во над 90 проценти од случаите“, рече д-р Петличковски.

Во врска со податоците дека седум лица по трет пат се заразиле со ковид-19, појасни  дека не е невозможно вирусот да се најде во носот на некоја индивидуа и при тестирање да се покаже позитивен резултат, но тоа не значи дека таа личност е болна. За овие по трет пат заразувања вели дека треба многу лабораториска работа за да се потврди реално дека се работи за класични инфекции по трет пат.

Посочи дека не е исклучено човек да биде позитивен и на едната и на другата варијанта на ковид-19. Тој потсети дека се работи и на нови варијанти на вакцините кои се очекуваат да бидат подготвени во март и кои ќе бидат многу специфични за омикрон. Во однос на третата доза вакцини, рече дека постојат сериозни научни податоци кои покажуваат дека со неа се подобрува ефикасноста.

Нагласи дека во моментот ситуацијата за човештвото е поволна затоа што омикронот поминува релативно лесно, остава имунитет и во овие изминати месеци глобално сме отишле многу напред со имунитетот. Според него, природно еволуциски е да очекуваме дека ќе излезат нови варијанти, дека ќе бидат поблагонаклонети и дека оваа епидемија ќе се движи кон ендемска форма односно дека овој вирус ќе продолжи да постои, слично како што се случува со грипот во одредени периоди, во одредени региони ќе се зачестуваат инфекциите, но тој не очекува во следните месеци и години короната да биде сериозен проблем за човештвото, па ниту за Македонија.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе