Сезонската инфлуенца засега без размери на епидемија

Седум лица истовремено имале и ковид-19 и грип, расте бројот на болни од грип

Со паралелно тестирање на грип и на ковид-19 во лабораторијата на Институтот за јавно здравје добиени се седум тестови позитивни и на двете вирусни заболувања, на ковид-19 и на грип, односно на флурона, како што стручно е именувана оваа двојна зараза. До 16 јануари годинава во Македонија се регистрирани 2.653 случаи на грип, што е за 6,1 пати повеќе во споредба со претходната сезона карактеристична за вирусното заболување - грипот, а е помал бројот на болни во споредба со сезоната која претходеше на појавата на ковид-19, но воопшто и во поглед на десет години пред тоа. 

Сепак, според Институтот, не станува збор за состојба која би можела да се дефинира како епидемија, a последните денови процентот на позитивни е  6,1 отсто што покажува извесна стабилизиција, наспроти претходните недели кога имало над 10 проценти позитивност.

Сега често грипот се констатира и преку тестови кои во исто време се сензитивни и на вирусот на ковид-19 и на вирусите на грип, а се изработуваат имајќи предвид дека дел од симптомите се слични. Седум лица биле истовремено позитивни и на ковид-19 и на грип.

„Од почетокот на сезоната 2021/2022, заклучно со втората недела од 2022 година, во вирусолошката лабораторија на Институтот за јавно здравје пристигнати се 4.727 материјали од здравствените установи - од амбулантски и болнички лекувани пациенти за тестирање за присуство на вирусот на грип, од рутинскиот и сентинел САРИ надзорот. Регистрирани се 257 позитивни случаи, 144 Influenza A/H3, 112 Influenza A несубтипизиран и еден Influenza B. Регистрирани се 7 инфекции со грип и ковид-19 истовремено", наведува Институтот и информира дека две истовремени инфекции се регистрирани во периодот од 9 до 16 јануари годинава.

Само во текот на јануари се пријавени 940 случаи на грип, а во декември дури 1.403 случаи, што е драстично повеќе во споредба со претходните неколку месеци - во ноември биле регистрирани 307 случаи, а во октомври 102, кога и практично и започнува да се шири вирусот на грипот. 

Најголем број на заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението (од 15-64 години) – 1.527, случаи (57,6%), а највисока инциденца (385,4/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години (n=336), велат од Институтот.

Како најдобра превенција се потенцира вакцинацијата против грипот - досега во Македонија се вакцинирани вкупно 49.274 лица со бесплатна или комерцијална вакцина, информира Институтот за јавно здравје.

П.Џ.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе