Комисија за заштита од заразни болести

Се отвораат пет нови ковид-амбуланти во Скопје, нема потреба од нови заштитни мерки, вели Мехмедовиќ

Пет ковид амбуланти од следната недела ќе почнат да функционираат на територијата на Скопје, но нови мерки за заштита од кови-а9 не се предлагаат, соопшти портпаролот на Комисијата за заштита од заразни болести, Злате Мехмедовиќ по денешната седница. 

Петте нови ковид амбуланти во кои ќе се дијагностицираат и лекуваат пациентите со ковид ќе бидат во поликлиниките Идадија, Ѓорче Петров, Јане сандански, Ченто и Чаир и треба да почнат со работа идната недела, со работно време од 07.30 до 19.30 часот, а во нив пациентите ќе бидат тестирани и со брзи ковид тестови.

Со тоа се фокусираме на примарното здравство каде што во моментов притисокот е најголем, за да може матичните лекари да можат да се ангажираат на редовната работа“, изјави Мехмедовиќ и додаде дека стручните медицински тимови веќе се подготвени, а во нив ќе ротираат и дел од матичните лекари.

Мехмедовиќ најави и дека и во другите градови ќе се направи сличен систем за да им се помогне и на пациентите во внатрешноста на земјата.

Според него, и покрај зголемениот број на заразени на дневна основа, во болниците има малку пациенти па Македонија сѐ уште е во зелената зона. Поради тоа, вели Мехмедовиќ засега нема потреба од дополнителни мерки.

„Епидемиолошката состојба согласно сите параметри коишто ги имаме, а тоа се бројот на хоспитализирани, бројот на слободни болнички кревети и бројот на починати сѐ уште не става во зелената зона. Согласно ова, нема да има превентивни мерки кои што ги препорачува Комисијата“, рече Мехмедовиќ.

Тоа значи дека остануваат да важат мерките за задолжително носење заштитна маска во јавниот превоз, здравствените установи, аптеките и установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост. Од Комисијата исто така апелираат до граѓаните да внимаваат на сопственото здравје, да избегнуваат посети во затворени и непроветрени простории, освен кога тоа е неодложно и во такви случаи се препорачува носење заштитна маска и одржување растојание.

Што се однесува до болничкиот систем, Мехмедовиќ информираше дека тој не е оптоварен и дека во моментов има околу 80 хоспитализирани пациенти со ковид-19, а на респираторна поддршка се само девет пациенти.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе