Се намалува бројот на новозаразени и починати од ковид-19

Се намалува бројот на новозаболени и починати од Ковид-19. Вчера се направени 2.359 тестови, регистрирани се 86 нови случаи со КОВИД-19, 105 оздравени пациенти и едно починато лице, според вчерашните податоци од Институтот за јавно здравје. Активни се 782 случаи од кои најголем број – 422 се во Скопје.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 308.964, бројот на оздравени пациенти е 298.916, а на починати е 9.266.

Светската здравствена организација (СЗО) вчера соопшти дека минатата недела на глобално ниво се регистрирани речиси четвртина помалку пријавени случаи на лица инфицирани со коронавирусот. Според СЗО, бројот на новозаразени опаѓа од крајот на март.

Од 11 до 17 април се регистрирани 5,59 милиони случаи, 24 отсто помалку споредбено со седмицата претходно, а бројот на починати од инфекција на Ковид-19 е намален на 18.215 или за 21 отсто.

Трендот на опаѓање на бројките на инфицирани и починати е забележан во сите делови на светот.

СЗО сепак наведува дека таквите трендови треба да се примаат со внимателност, бидејќи земјите ги менуваат стратегиите за тестирање, преку помалку спроведени тестови, а со тоа и помал врој откриени позитивни случаи.

Најмногу инфекции минатата седмица се регистрирани во Јужна Кореја и тоа повеќе од 972 илјади, во Франција повеќе од 827 илјади и во Германија повеќе од 769 илјади, а најголем број смртни случаи поврзани со ковид-19 има во САД – 3.076, во Русија 1.784 и во 1.671 во Јужна Кореја. 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе