Процес на имунизација

Се најавува задолжителна вакцинација со две дози зашто интересот се намали

На следниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе се дискутира за неопходност од вакцинација на населението со две дози на вакцина против ковид-19, изјави министерот за здравство Венко Филипче. Според него, има интерес за примање на третата засилувачка доза меѓу граѓаните кои се веќе имунизирани со две дози, а одлуката за примање на трета доза по три месеци од втората доза важи само за тие што примиле „Синофарм“, потсети Филипче и рече дека таа одлука се базира на странски научни препораки.

Министерот одрече дека процесот на имунизација има каква било врска со политиката и нагласи дека е базиран на епидемиологијата. Во врска со ставот за неопходност од вакцинација со две дози вакцина за што ќе расправа Комисијата за заразни болести, Филиче рече дека тоа беше најавено пред три до четири недели со цел тоа предвид да го имаат граѓаните и да имаат време да ја примат првата и потоа и втората доза.

„Од тој момент и најавивме дека одлуките ќе бидат за крајот на октомври или во текот на ноември, така што очекувам таа дискусија да се одвива на следниот состанок на Комисијата и епидемиолозите да заземат став“, рече Филипче.

На новинарско прашање за тоа на што се базира одлуката за после три месеци да се даде трета доза вакцина против ковид-19, тој рече дека ги следат препораките на меѓународните институции и дека дел од нив препорачуваат тие луѓе кои се вакцинирани со „Синофарм" малку порано ја примат третата бустер доза. Останува во сила препораката за шест месеци за трета доза за сите вакцинирани со другите вакцини „Астразенека" и „Фајзер", а ова важи само за вакцините на „Синофарм".

„Препораката е да се скрати времето до третата доза за вакцина за граѓаните вакцинирани со вакцината на 'Синофарм' и таа веќе се спроведува, така што вчера околу илјада пациенти беа вакцинирани со трета доза, верувам дека ќе има интерес и натаму“, рече Филипче.

Тој и денеска нагласи дека е очигледно  оти е огромен процентот на заболени кои се невакцинирани и дека сега вирусот се шири значително меѓу невакцинираните граѓани.

„За жал се намали интересот за вакцинација. Стигнавме до некаде 800 илјади граѓани кои се вакцинирани со најмалку една доза, од нив 760 ревакцинирани, меѓутоа високиот процент докажува дека болниците ги полнат само невакцинирани граѓани. И затоа апелирам да се вакцинираат сите, мора да го заштитат здравјето, мораме постепено да ги враќаме сите процеси во нормала и исто така е еднакво важно да го заштитиме здравствениот систем. Се уште има одделенија кои се ковид-центри и не работат со основната дејност, се уште има систем на ротација. Во ситуација кога има вакцини на располагање сметам дека тоа не треба да биде сценарио и треба граѓаните да бидат свесни и да се заштитат себе си, како и здравствените капацитети и кадарот кој работи во делот на своите специјалности“. оцени Филипче.

Тој рече дека тие кои се јавуваат на преглед и кои кажуваат некои од карактеристичните знаци за постковид состојбата, како што е манифестација на белите дробови во смисла на наод на компјутерска томографија на бели дробови или некаква последица на срцевата акција - некаква фиброза, сега е период кога се повеќе се анализираат и во светот и кај нас, се повеќе се докажуваат со специфични испитувања.

„Не само кај нас, секаде во светот е многу рано да се зборува за типични постковид компликации или последици од болести. Сепак, следи период, исто како што е ова период на анализа на самите хронични болести и за тие аспекти“, додаде Филипче.

На новинарско прашање дали случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово ќе се заборави или сепак на крај некој ќе понесе одговорност, тој одговори дека не би коментирал затоа што, како што нагласи, се води истрага во обвинителството.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе