Процес на имунизација

Само една третина од полнолетните на возраст до 39 години примиле една доза вакцина

Македонија е далеку од колективен имунитет базиран на вакцинација, само 38 отсто од населението примило две дози вакцина. Доколку не се сметаат децата, младите на возраст од 18 до 39 години се и најмалку имунизирани - Министерството за здравство вели дека само една третина од оваа категорија на граѓани примило барем една доза вакцина. Постарите граѓани пак, кои веќе биле целосно вакцинирани, продожуваат да се вакцинираат со трета, засилувачка доза - над 63 илјади лица ја примиле третата доза.

„Во петокот и во саботата аплицирани се вкупно 5.611 дози вакцини, од кои 2.387 се аплицирани како прва доза, 1.163 се ревакцинирани, а 2.061 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 21 ноември вкупно се вакцинирани 822.751 граѓани, ревакцинирани се 789.905, а трета доза примиле 63.137 граѓани. 57% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 58%, а со две дози опфатени се 47% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38% од популацијата во државата примила две дози вакцина“, соопшти денеска Министерството за здравство.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе