Во соопштението на СПЦ се вели:
Примајќи го актот од Светиот aрхиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, со кој таа го прифаќа општопризнатиот канонски статус, што ѝ е доделен во 1959 година од страна на Севтиот архиерејски собор на Српската православна црква и во кој изразува надеж дека СПЦ братољубиво ќе го решава и ќе го реши прашањето за нејзиниот конечен канонски статус, за кој треба да следи и сѐправославна согласнот за прифаќање на тој статус, Светиот архиерејски собор одлучи:
-Со благодарност на Господа и со радост Саборот го поздравува прифаќањето на општопризнатиот канонски статус, а тоа е статус на најширока можна автономија, односно полна внатрешна самостојност, доделен уште во 1959 година.
-Бидејќи со ова се отстранети причините за прекин на богослужбеното и канонско општење, предизвикани со еднострано прогласената автокефалност во 1967 година, се воспоставува полно литургисоко и канонско општење.
-Со воспоставувањето на единство на канонска основа и под услови на важење на канонскиот поредок на целото подрачје на СПЦ, дијалогот за идниот и евентуално коначен статус на епархиите во Северна Македонија не само што е можен, туку е и целосходен, легитимен и реален.
-Во дијалогот за нивниот иден и евентуално коначен канонски статус СПЦ ќе се раководи само и исклучиво од еклисиолошко-канонските и црковно-пастирските начела, мерила и норми, не водејќи се притоа од „реалполитичките", „геополитичките" и „црковнополитичките" и други слични дадени работи за еднострани иницијативи и не подлегнувајќи на никакви влијанија, или притисоци.
-И на крајот, Саборот нема намера по решавањето на статусот да ја условува новата сестринска Црква со ограничувачки клаузули во поглед на опсегот на нејзината јурисдикција во матичната земја и во дијаспората, со препорака прашањето за своето официјално име да го реши во непосреден братски дијалог со гркофонските и останатите помесни цркви.