Министерство за здравство

Расте бројот на новозаразени од ковид-19, власта сѐ почесто зборува за рестрикции и за невакцинираните

Во пораст е бројот на заболени од ковид-19 во државава. Податоците што ги објави вчера Институтот за јавно здравје за претходното деноноќие покажуваат дека при направени 3.593 тестирања се регистрирани 47 нови случаи на ковид-19,  како и дека оздравеле 14, а нема починати пациенти. Бројот на активни ковид случаи изнесува 359 од кои 130 се во Скопје.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера оцени дека во насока на заштита на населението ќе нема  друга можност освен да воведат некаква форма на рестрикција и оти е разговарано и дополнително ќе се разговара за мерки кои би се однесувале на невакцинираните. За конкретни мерки, најави министерот, ќе разговараме подетално во август.

„Видовме во изминативе години што значи да нема вакцина за една болест, какви рестрикции, полициски часови итн., гледаме и следиме примери и од другите земји, има приватни компании кои едноставно сакаат вработените да им се вакцинирани за да може нормално да функционира работниот процес, а ние ќе го штитиме јавното здравје со тоа што евентуално би вовеле такви мерки таму кај што има можност за масовни собири, јавни настани, можеби влез за некои јавни места“, нагласи Филипче.

Во овој момент, посочи, имаме највисока стапка на вакцинација споредено со многу земји во регионот, па дури и во овој дел на Европа.

Министерот повтори дека ако епидемиолошката ситуација остане стабилна ќе има настава со физичко присуство.

„Ако епидемиолошката ситуација е како што е сега сите ученици ќе почнат за нешто повеќе од еден месец практично со физичко присуство без рестрикција во одделенијата или бројката во училници за што постојат протоколи – проветрување, начин на седење, менување на училниците за предметната настава“, рече Филипче.

Од Министерството за здравство вчера соопштија дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе