Бројката на активни случаи достигна 401

Расте бројот на нови случаи на ковид-19, денеска се 54, починати нема

Во последните 24 часа има зголемување на бројот на нови случаи на ковид-19 и од направени 3.764 тестирања регистрирани се 54 нови случаи. Од нив најмногу се во Скопје-16, потоа Тетово-9, Битола и Дебар по 6, Куманово-5, Кочани-3, Гостивар и Струмица по 2, а Прилеп, Кавадарци, Охрид, Радовиш и Валандово по 1. Починати лица нема, а оздравени се 12 пациенти од кои 7 се од Скопје, 3 од Тетово и по 1 од Кочани и Гостивар.  

Направените 3.764 тестови се преку: ИЈЗ-108, ЦЈЗ Скопје-71, ЦЈЗ Битола-49, ЦЈЗ Прилеп-46, ЦЈЗ Тетово–21, ЦЈЗ Куманово–27, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-11, Институт за микробиологија–21, Жан Митрев (Филип Втори)-37, Авицена-165, Биотек-144, Систина-86, лабораторија Лаор-410, Синлаб-27, Ремедика-19, Плодност–24, Генеа–3, Никоб лаб-743, ВФВ Медикал-35, Ели Медика-3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.714.  Досега во земјата се направени вкупно 966.813 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.225, бројката на оздравени пациенти е 150.333, на починати е 5.491, а бројот на активни случаи изнесува 401. 

Според епидемиолошките анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови: Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 68.858, 139

Куманово 8.928, 46

Прилеп 8.338, 10

Тетово 7.411, 106

Битола 6.321, 11

Велес 5.479, 5

Гостивар 5.212, 23

Кавадарци 5.157, 2

Охрид 5.026, 7

Штип 4.964, 3

Струмица 4.134, 8

Струга 2.986, 5

Кочани 2.799, 6

Кичево 2.609, 10

Гевгелија 2.196, 1

Неготино 2.184, 0

Свети Николе 1.526, 1

Ресен 1.234, 0

Крива Паланка 1.227, 0

Радовиш 1.163, 2

Берово 1.032, 0

Делчево 974, 1

Дебар 955, 11

Виница 886, 0

Пробиштип 789, 0

Валандово 671, 4

Богданци 494, 0

Крушево 490, 0

Демир Хисар 400, 0

Демир Капија 396, 0

Кратово 377, 0

Македонски Брод 359, 0

Пехчево 269, 0

Македонска Каменица 249, 0

Дојран 132, 0

 

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе