Интересот сѐ уште е мал

Прва доза вакцина вчера примиле речиси 3.000 граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 2.955 граѓани, а вкупно се вакцинирале 12.062 лица, што е далеку од посакуваното темпо на вакцинација. По воведувањето на актуелните мерки дневно се вакцинираа и по 10 илјади граѓани, но бројката се намалуваше и стигна до околу 2.000 примени први доза вакцина дневно.

Според податоците Министерството за здравство, на вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 774.422 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.465.229 дози вакцини, а ревакцинирани се 690.806 граѓани.  

Со последните бројки, барем една доза вакцина примиле 55% од населението над 40 години и 31% од населението од 18 до 39 години.

Како и досега, граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постојните вакцинални пунктовите низ државата, а децата од 12 до 18-годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

 

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе