Министерство за здравство

Прва доза вакцина вчера примиле 917 лица, а трета 47

Вкупно 799.762 граѓани се вакцинирани заклучно со вчерашниот ден, а од нив ревакцинирани се 763.031, додека трета доза примиле 1.197 граѓани, информира Министерството за здравство.

Само во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.475 дози вакцини, од кои 917 се аплицирани како прва доза, 2.509 се ревакцинирани, а 49 граѓани примиле трета доза вакцина.

Заклучно со 18 октомври ревакцинирани се 54% од граѓаните над 40-годишна возраст, а 33% од граѓаните од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 47%, а со две дози опфатени се 45% од граѓаните над 18 години.

Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во земјата е вакцинирана, а 35% од граѓаните во државата примиле две дози вакцина. 

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе