Министерот посочи дека и во текот на следните денови ќе ја продолжат интензивната комуникација со цел да разговараат и да се организира и динамиката на доаѓањето на следните количества.
Тој изјави дека вкупно нарачани се 200 илјади дози.
Тој изрази благодарност до амбасадорот на Руската Федерација во Северна Република Македонија, Сергеј Баздникин, за неговиот личен ангажман овие количини во земјава да пристигнат што побрзо.
Амбасадорот Бaздникин кој исто така денеска присуствуваше на приемот на оваа прва пратка вакцини рече дека е убеден оти ова ќе биде од голема важност за спасување на човечките животи, но и враќање на македонската економија во траекторијата на раст.
Првата пратка на вакцина Спутник V - 3000 дози - пристигна во Скопје. На аеродромот ја пречекаа амбасадорот на Русија Сергеј Баздникин и министерот за здравство Венко Филипче pic.twitter.com/zCIS92Gs3N
— Посольство России МК (@Russian_Emb_MKD) March 7, 2021
„Ние секогаш сме подготвени да им помогнеме на македонските граѓани со кои уживаме во вековните традиции на пријателство и споделуваме заеднички вредности. Имаме многу конструктивна соработка со Владата на РСМ и сме спремни да ја прошируваме врз нови области на основа на еднаквост и взаемно почитување на интереси“, рече амбасадорот.
Според Бaздникин, добро се знае дека Спутник е првата регистрирана вакцина против ковид-19 во светот. Тој рече дека вакцината е апсолутно безбедна и ефикасна и сега станува со право светски „бестселер".
„Со Северна Македонија вакцината е регистрирана во 46 земји во светот вклучувајќи неколку држави во Европската Унија. Сега е во тек забрзана постапка во Европска агенција за лекови за да ја испитува делотворноста на вакцината врз основа на резултати од досегашните лабораториски испитувања и истражувања. Во СЗО се разгледува барањето за Спутник да се вклучи во листата на лекови одобрени од СЗО, да се користат за во вонредни ситуации“, додаде амбасадорот.
Тој им посака на сите добро здравје, а на храбрите македонски лекари и медицинскиот персонал им посака брза победа во борба против пандемија во која, како што посочи, оваа руска вакцина ќе биде вредно оружје.