По еднонеделниот штрајк

Преговорите продолжуваат, учениците чекаат дали утре штрајкот во образованието ќе продолжи

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК, денеска треба да се произнесе дали ќе го продолжи штрајкот во образованието или истиот ќе биде прекинат.

Пратеничката од редовите на СДСМ, Даниела Николова, вчера упати апел до челниците на СОНК да се вратат на дијалогот и наставата да продолжи, со став дека ќе се најде решение кое е во интерес на наставниците.

Таа воедно истакна дека не треба се дозволи наставата да се пролонгира и со тоа да се загрозат уписите, државната матура како и полагањето стручен испит на петстотини наставници.

„Училишната година мора да продолжи да се одвива непречено, што е особено важно затоа што зад нас имавме две училишни години во пандемија со коронавирусот кога учениците следеа онлајн настава или комбинирана настава. Правото на штрајк е уставно загарантирано, но наставниците треба да се водат и од интересите на нивните ученици“, изјави Николова.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, во својата последна колумна на тема плати, вели дека треба да ги видат и околностите и барањата на дел од јавните работници, меѓу нив и дел од образовниот кадар во градинките и училиштата.

„Треба да е јасно дека зголемувањето на основните плати на наставниците за околу 90% и линеарно зголемување на платите за скоро 20 отсто во градинките (што повлекува барања за покачување на платите во останатиот јавен сектор), во овие околности значи разгорување на инфлаторната спирала“.

Давајќи образложение што значи инфлаторна спирала, министерот вели дека покачувањето на цените е резултат на раст на увозните цени на енергенсите и храната на глобалните пазари.

„Во вакви услови, кога во економијата ќе пуштите повеќе пари во оптек, како што е случајот преку висок раст на платите, несоодветен со растот на продуктивноста, ќе дојде до нов притисок од страна на побарувачката. Зголемувањето на побарувачката, поради поголемата колична на пари ќе ја подигне дополнително цената на производите. На пример, на аукција тројца се наддаваат за еден предмет, предметот ќе го добие оној што ќе плати највисока цена за него и на крај предметот чија почетна цена била 100 денари ќе заврши со цена значително повисока од првичната и можеби економски оправданата“, пишува министерот Бесими.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, коментирајќи ја состојбата со штрајкот во образованието упати повик до меѓународната заедница, ОБСЕ и останатите кои што ги следат процесите во Македонија да реагираат на закани спрема просветните работници и вработените во детските градинки, посочувајќи дека овој начин на однесување од страна на активисти на владата на СДСМ е скандалозно.

„Тоа е скандалозно и ја повикувам меѓународната заедница, ОБСЕ и сите кои што ги следат процесите да реагираат, во спротивно ќе бидам разочаран и од нивното однесување“, изјави претседателот Мицкоски.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, во својата последна изјава дадена во петок, посочи дека ќе дадат насоки во однос на членството за изјаснување за главното барање од Владата, во интерес на учениците и децата во градинките, штрајкот да се стави во мирување, се додека за два-три дена, конечено не се дефинира нивниот предлог.

На последниот состанок во Владата е договорено во наредните денови да се утврди процентот за зголемување на платата кое ќе се испланира и потенцијално реализира со ребалансот на Буџетот, по што учениците од основното и средното образование од понеделник би се вратиле во училишните клупи, а децата од предучилишното воспитување и згрижување во градинките.

Дополнително се разговарало веднаш да почне сеопфатен дијалог со активно учество на синдикатот за трајно решавање на континуираниот раст на платите. 

Утрово со соопштение се јави ВМРО-ДПМНЕ и ја повика Владата наместо да им се заканува на наставниците да ги покачи платите согласно барањата на СОНК.

„Владата мора да го нивелира коефициентот на сложеност на работните места во образованието со минималната плата и да изврши зголемување на платите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. 

Римскиот политичар и филозоф, Марк Тулиј Цицерон, во I век пред н.е. укажал дека „кога немате основа за аргумент, злоставувајте го тој што ве обвинува“.

повеќе

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе