Портпаролката на СДСМ, Кузеска позитивна на ковид-19

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска преку својот Фејсбук профил ја информираше јавноста дека е позитивна на ковид-19.

„Немам симптоми и се чувствувам добро, но се тестирав заради сигурност со оглед на моите професионални, но и приватни активности. Сметав дека така е правилно и одговорно.

Во текот на утрешниот ден ќе бидат тестирани и моите деца и сопруг.
Во овој период секој мора да биде одговорен, апелирам за строго почитување на мерките, не 99, туку 100 % почитување на сите мерки за заштита на здравјето.
Чувајте се“!, порача Кузеска.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе