Лекарска комора

Поради антивакциналното движење за време на пандемијата намален опфатот и со други вакцини

Поради пандемијата со ковид-19 и засиленото антивакцинално движење има пад во опфатот со редовната вакцинација, особено со МРП вакцината во нашата земја, поради што е потребен заеднички ангажман да се врати неопходниот опфат од 95 проценти со кој се смета дека е постигнато задоволително ниво на колективна заштита, велат од Лекарската комора по повод Светската недела на имунизација, која се одбележува последната недела од април, а чие мото годинава е „Долг живот за сите".

„Вакцинација е најдобрата заштита од сериозни заразни болести, но и една од најуспешните и најисплатливите инвестиции на јавното здравство, а лекарите имаат клучна улога во проширувањето на опфатот со вакцини“, соопшти Лекарската комора 

Според Лекарската комора, здравствените политики треба да ги поддржат здравствените работници и во континуитет да обезбедат ефективни, транспарентни и објективни информации за јавноста и да се борат против лажните и погрешните информации.

„Вакцините се безбедни и ефикасни, тие се темелно тестирани и докажано спречуваат сериозни болести, спасувајќи милиони животи секоја година. Лекарите и здравствените работници преку подигнување на нивото на здравствена едукација за придобивките од вакцинацијата и преку споделување на факти засновани на научни докази креираат позитивно општествено окружување за зголемување на опфатот со вакцинацијата. Општата популација ги смета лекарите за најрелевантен извор на информации за вакцинација, што е клучно за прифаќање на вакцините“, соопштија од Лекарската комора.

Оттаму посочуваат дека поради пандемијата и засиленото антивакцинално движење има пад во опфатот со редовната вакцинација, особено со МРП вакцината во нашата земја, поради што е потребен заеднички ангажман да се врати неопходниот опфат од 95 проценти со кој се смета дека е постигнато задоволително ниво на колективна заштита.

Како што појаснуваат во соопшението, лекарите треба да добијат поддршка за подобра промоција на важноста на вакцините, како и да се подобрат нивните комуникациски вештини за соодветен одговор на колебливоста на родителите за примање на редовните вакцини.

Исто така, едукацијата на студентите по медицина е од суштинско значење за да им се овозможи на идните лекари ефективно да комуницираат со своите пациенти, а подигнувањето на свеста на родителите треба да се започне уште за време на пренаталниот период и исто така да се одвива континуирано.

Лекарската комора како член на Постојниот комитет на европски лекари (CPME) и Коалицијата за вакцинација го истакнува заедничкиот став дека со рамномерен пристап до вакцините и зголемен опфат со вакцинацијата ќе се обезбеди долг и здрав живот.

„Коалицијата за вакцинација ги повикува европските земји да ги обезбедат следните активности: редовната вакцинација да се смета за приоритет за сите возрасни групи, особено за децата; возрасните, особено ризичните групи и постарата популација да се вакцинираат со бустер доза против ковид-19, како и да се зголеми опфатот со оваа вакцина кај адолесцентите и децата; да се обезбеди бегалската популација, особено децата, да добијат лесен пристап до вакцинација; да се помогне на здравствените работници да започнат кампањи за вакцинација и да се поддржи зголемувањето на опфатот со редовна вакцинација кај бегалската популација и населението на земјите кои прифаќаат бегалци“, се наведува во соопштението на Лекарската комора.бт

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе