Помал интересот за вакцини, вчера прва доза примиле 1.717 лица

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчерашниот ден вакцинирани се вкупно 781.623 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.717 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 6.897 граѓани. 

Според податоците од Министерството за здравство, во државата досега вкупно се аплицирани 1.495.762 дози вакцини, а ревакцинирани се 714.135 граѓани.   

Со последните бројки од Министерството за здравство, барем една доза вакцина примиле 55% од населението над 40 години и 31% од населението од 18 до 39 години. 

Оттаму додаваат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, во тек е и теренска вакцинација, а граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постојните вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18-годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител. 

 

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе