Мултииндикаторското кластерско истражување на ДЗС

Подложени на насилен метод на дисциплинирање биле 73 отсто децата на возраст од 1 до 14 години

Вкупно 73 проценти од децата на возраст од 1 до 14 години биле подложени на некој насилен метод на дисциплинирање, наспроти само 22 проценти кои биле дисциплинирани без насилство. Околу 67 отсто од децата биле подложени на психолошка агресија, покажува Мултииндикаторското кластерско истражување (МИКС) на Државниот завод за статистика, спроведено во текот на 2018-2019 година, како дел од Глобалната програма за состојбата на децата и жените.

Вкупно 45 проценти од децата на возраст од 1 до 14 години биле подложени на какво било физико казнување во текот на изминатиот месец, од кои седум отсто на тешки форми на физичко казнување.

Според податоците од истражувањето, момчињата почесто доживуваат насилно дисциплинирање од девојчињата, додека 4 проценти од мајките/старателите сметаат дека физичкото казнување е неопходно за правилно воспитување и образование на детето. Овој став е позастапен кај помладите мајки и старатели, како и кај оние од најсиромашниот квинтил.

Физичко казнување, според метдологијата на истражувањето е: тресење, удирање или плескање по дланка/рака/нога, удирање по задникот или друг дел од телото со тврд предмет, плескање или удирање по задникот со гола рака, удирање или плескање по лицето, главата или ушите, и удирање или тепање силно и постојано. Тешки форми на казнување се: удари или шлаканици по лицето, главата или ушите, тепање, односно повеќе повторени удари со цела сила.Психолошка агресија е: повишување тон, викање или врескање кон детето, како и нарекување на детето со навредливи имиња како „глупаво" или „мрзеливо".

Глобалната програма МИКС е развиена од страна на УНИЦЕФ во 90-тите години како меѓународна повеќенаменска програма за анкетирање на домаќинствата за поддршка на земјите во прибирањето на меѓународно споредливи податоци за широк спектар на индикатори за состојбата на децата и жените.

Со истражувањето МИКС се мерат клучните индикатори кои им овозможуваат на земјите да создаваат податоци за креирање на политики, програми и национални планови за развој и да го следат напредокот кон целите за одржлив развој (SDG) и други меѓународни договори.

Техничката поддршка за истражувањето ја обезбеди Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ), со финансиска поддршка од УНИЦЕФ, Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) и Британската амбасада.

Од Државниот завод за статистика, посочуваат дека Извештајот од истражувањето е објавен во мај 2020 година, но поради светската пандемија на Ковид-19, како и поради бројните обврски поврзани со Пописот 2021, не добил публицитет каков што заслужува и затоа, во периодот кој следува, ќе објавуваат инфографици со податоци и клучни поенти од извештајот, со кои, како што посочуваат, сакаат да ја претстават сликата за состојбата на децата и жените во Република Северна Македонија.

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе