Почна пријавувањето за стипендиите „Борис Трајковски“ на извршната МБА програма на универзитетот Јорк

Отворен е конкурсот за доделување стипендии „Борис Трајковски“ за студии од втор циклус за академската 2022/2023 година. Заинтересираните кандидати за стипендија „Борис Трајковски“ можат да конкурираат до 23 септември. Стипендиите „Борис Трајковски“ што ги нудат заеднички Европскиот кампус на универзитетот Јорк, СИТИ колеџ, претседателот на Македонија и Министерството за образование и наука, се доделуваат за 20 студенти за вонредни двегодишни студии.

Учесниците можат да изберат една од шесте достапни специјализации, МБА по Општ менаџмент, МБА во маркетинг, МБА во финансии, МБА во логистика и менаџмент, МБА во управување во здравство и МБА во управување со
човечки ресурси.
Со аплицирање и стекнување на стипендија, кандидатите ќе студираат според Пан-европската извршна МБА програма и ќе имаат можност да се стекнат со двојна диплома, од Сити колеџ, Европскиот кампус на универзитетот Јорк и од Факултетот за економија и менаџмент на универзитетот во Стразбур. И двете образовни институции што ја доделуваат двојната диплома се високо истакнати и рангирани во научниот свет. Универзитетот Јорк е врвен британски универзитет рангиран на 151-то место во светот според QS World University Rankings за 2022 година и универзитетот во Стразбур претставува престижен француски универзитет од каде имаат произлезено 18 научници наградени со Нобелова награда.
Понудена во 8 различни градови низ регионот, паневропската извршна МБА е
меѓународна програма со неограничени можности за вмрежување, специјално
дизајнирана за сите кои сакаат да ги подобрат своите вештини и знаења за
професионален, кариерен и личен развој. Покрај двојната диплома, програмата нуди и вистинско меѓународно искуство преку три студиски патувања - во Јорк (Велика Британија), во Стразбур (Франција) и во Солун (Грција). Програмата ја предаваат истакнати професори и меѓународни академици од Европскиот кампус на универзитетот Јорк, Сити колеџ, од Универзитетот Јорк, од универзитетот во Стразбур, како и други добро признати универзитети ширум светот, и експерти од индустријата со значително професионално
искуство.
Паневропската МБА програма е една од 300-те програми акредитирани од Здружението на МБА програми (AMBA) и од Институтот за менаџмент, од Велика Британија (CMI), а вредноста на оваа извршна МБА програма во академскиот свет ја потврдува и заедницата од приближно 4.000 учесници и дипломци досега.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе