Министерство за здравство

Почна кризната состојба во државава, бројот на новозаразени и починати од ковид-19 не се намалува

Во Македонија од синоќа во сила е владината одлука за 30-дневна кризна состојба на територијата на цела држава. Одлуката е донесена заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија со ковид-19 и спречување на негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението.

Се очекува и одлука на претседателот на државата Стево Пендаровски за учество на дел од припадниците на Армијата во справување со кризната состојба.

Денеска се очекува Главниот штаб при Центарот за управување со кризи да го дефинира акцискиот план за превенција и справување со ширењето на ковид-19, како и целосен преглед за расположливи човечки и материјално-технички ресурси и план за координирано дејствување, а министерствата за внатрешни работи, за одбрана, за здравство, Армијата, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, сите расположливи капацитети и ресурси да ги стават во функција на справување со кризната состојба.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера се сретна со сопствениците на приватните болници „Жан Митрев”, „Систина” и „Ремедика”, кои изразиле позитивен став во однос на користење на нивните ресурси од страна на државата за справување со пандемијата со ковид-19. Прецизирања на условите, начинот на користење на ресурсите на приватните здравствени установи ќе бидат договорени на наредниот состанок закажан за утре. Дотогаш на формализирање на соработката работат тимовите од Министерството за здравство и приватните болници, соопшти Министерството за здравство.

Бројот на новозаразени и заразени со ковид-19, како и бројот на починати и натаму е висок. Вчера се регистрирани 1.237 ново случаи на заразени со ковид-19, 39 починати и 748 оздравени пациенти.

Вкупниот број ковид – дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 52.449, бројката на оздравени пациенти е 30.952, на починати е 1.462, а бројот на активни случаи изнесува 20.035.

Министерството за здравство соопшти дека 1.285 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ земјава, а околу 120 празни болнички кревети има во ковид центрите. Од Министерството посочија дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород, како и дека покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, се во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид – одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе