Епидемиолошка состојба

Починати нема, 55 новозаболени од коронавирусот

Во последните 24 часа од направени 644 тестови регистрирани се 55 нови случаи на заразени со коронавирус. Од нив 38 се во Скопје, шест во Битола, пет во Куманово, Прилеп три и Кавадарци и Охрид по еден заразен.

 

Од вкупниот број на позитивни (55), регистрирани се 15 реинфекции. Регистрирани сe 55 оздравени пациенти најмногу во Скопје 43, Битола четворица, Куманово и Кавадарци по двајца и во Тетово, Кичево, Гевгелија и Свети Николе има по еден оздравен пациент. Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати ниту од ИЈЗ ниту согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид – 19 од Мој Термин.

Направени се 644 тестови: ИЈЗ-63, ЦЈЗ Скопје-79, ЦЈЗ Битола-23, ЦЈЗ Прилеп-7, ЦЈЗ Тетово-11, ЦЈЗ Куманово-22, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија-50, Жан Митрев (Филип Втори)-3, Авицена-6, Биотек-15, Систина-9, лабораторија Лаор-1, Синлаб-27, Ремедика-8, Плодност-1, Генеа-4, Никоб Лаб-10, ВФВ Медикал-2, Ели Медика Плус-1, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–2, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-2, ПЗУ ГМ Лаб-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 297.

Досега во земјата се направени вкупно 2.166.201 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 343.263, бројот на оздравени пациенти е 333.274, на починати е 9.542 а бројот на активни случаи изнесува 447.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе