Во период од една недела

Починале 26 вакцинирани лица, од нив 17 имале примено две дози „Синофарм“

Во периодот од 8 до 14 октомври во земјава од ковид-19 починале 26 лица кои биле вакцинирани, велат од Министерството за здравство и информираат каков тип на вакцина имале примено овие лица. „Двајца пациенти се вакцинирани со вакцината на Фајзер. Тројца со вакцина Астразенека, четири починати пациенти со ковид-19 примиле вакцина Синовак, а 17 пациенти примиле вакцина од производителот Синофарм“, велат од министерството. Во овој период вкупно починале 105 лица, а само еден од починатите немал хронично заболување, но имал 80 години.

Министерството за здравство најави дека неделно ќе ја информира јавноста за починати лица со ковид-19 кои биле комплетно вакцинирани, за тоа какви хронични заболувања имале починатите и колку од починатите со каков тип вакцина биле вакцинирани. За комплетно вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози вакцина, а од ревакцинацијата поминале повеќе од 14 дена, нагласува министерството.

„Во период од 8 до 14 октомври починале 105 пациенти со ковид-19, од нив над 75 % биле невакцинирани. Од вкупно починатите пациенти во овој период само 26 пациенти починати со ковид-19, биле вакцинирани. Само еден од починатите пациенти немал хронично заболување и имал 80 години.

Двајца пациенти се вакцинирани со вакцината на Фајзер. Тројца со вакцина Астразенека, четири починати пациенти со ковид-19 примиле вакцина Синовак, а 17 пациенти примиле вакцина од производителот Синофарм“, пишува во анализата на минстерството и се информира за возраста и хроничните заболувања што ги имале 26 - те пациенти, кои починале ковид=19.

8 октомври

Пријавени за починати 16 пациенти со ковид-19, 5 од починатите биле вакцинирани:

84 год. кардиолошко заболување

62 год. кардиолошко заболување

78 год. кардиолошко заболување

63 год. кардиолошко заболување и дијабет

73 год. кардиолошко заболување и дијабет

9 октомври

Пријавени за починати се 18 пациенти, еден од пациентите бил вакциниран. Пациентот имал 80 години и имал две хронични заболувања дијабет и кардиолошко заболување.

10 октомври

14 пациенти пријавени за починати, од нив 3 вакцинирани.

64 год. кардиолошко и малигно заболување

59 год. со кардиолошко заболување

68 год. кардиолошко заболување и дијабет

11 октомври

18 пациенти пријавени за починати од нив 6 вакцинирани:

72 год. кардиолошка и белодробна болест

69 год кардиолошка болест

81 год кардиолошка болест и дијабет

76 год кардиолошка болест

64 год белодробно заболување

56 год кардиолошко заболување

12 октомври

6 пријавени за починати, само 1 вакциниран пациент на 80 години - нема хронично заболување;

13 октомври

20 пријавени за починати, 8 вакцинирани:

61 год. кардиолошко заболување и хипотироидизам

80 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет

77 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет

48 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет

72 год. кардиолошко заболување, дијабет и бубрежно заболување

77 год. кардиолошко и белодробно заболување

78 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет

71 год. кардиолошко заболување

14 октомври

13 пријавени за починати, 4 вакцинирани:

75 год. крдиолошко заболување

74 год. кардиолошко заболување и дијабет

64 год. кардиолошко заболување и дијабет

77 год. невромускуларно заболување

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе