Бројот на активни случаи достигна 16.397

Починаа уште 15 лица, регистрирани 766 нови случаи на ковид-19

Нови 766 случаи на ковид-19 се регистрирани во земјава од направени 3.748 тестови. Регистрирани се 486 оздравени пациенти, а починаа 12 лица на возраст од 48 до 82 години. Дополнително се пријавени уште 3 лица кои починале во претходен период. Бројот на активни случаи е 16.397.

Новите случаи на ковид-19 се во Скопје – 521, Битола – 33, Куманово – 32, Струмица – 23, Кавадарци – 20, Прилеп – 19, Штип – 17, Охрид – 16, Струга и Гевгелија по 9, Кичево и Ресен по 8, Велес – 7, Гостивар – 6, Тетово – 5, Свети Николе, Пробиштип, Валандово и Кратово по 4, Неготино и Крива Паланка по 3, Радовиш, Богданци и Демир Хисар по 2 и во Делчево, Дебар, Македонски Брод, Демир Капија и Македонска Каменица по 1. Од вкупниот број на позитивни (766), регистрирани се 86 реинфекции.

Регистрирани сe 486 оздравени пациенти од кои од Скопје – 339, Битола – 26, Прилеп – 23, Кавадарци – 18, Тетово – 14, Штип – 11, Куманово, Гевгелија и Крива Паланка по 8, Струмица и Велес по 6, Кичево – 4, Валандово и Радовиш по 3, Неготино – 2, а од Охрид, Ресен, Гостивар, Свети Николе, Богданци, Кочани и Виница по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 4 починати лица од Скопје (63г, 65г, 80г и 81г), 2 починати лица од Битола (80г и 82г) и по едно починато лице од Охрид (58г), Гевгелија (72г), Кавадарци (67г), Крива Паланка (74г), Кочани (48г) и Демир Хисар (82г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се 3 лица, по едно починато лице од Скопје, Гостивар и Дебар, починати во период од 03.01 - 11.01.2022г. Починатите се на возраст од 62 години до 75 години и сите се починати во домашни услови.

Направените 3.748 тестови се преку: ИЈЗ-227, ЦЈЗ Скопје-49, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-15, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–145, Жан Митрев (Филип Втори)-133, Авицена-101, Биотек-197, Систина-100, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-27, Генеа-0, Никоб Лаб-501, ВФВ Медикал-41, Ели Медика-9, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–25, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.178.

Досега во земјата се направени вкупно 1.710.444 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 245.398, бројот на оздравени пациенти е 220.886, на починати е 8.115, а бројот на активни случаи изнесува 16.397.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови: Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 110.354, Активни 8.788

Куманово 13.860, Активни 603

Прилеп 11.931, Активни 884

Тетово 11.730, Активни 256

Битола 11.133, Активни 1461

Гостивар 8.340, Активни 214

Кавадарци 7.995, Активни 413

Велес 7.894, Активни 318

Охрид 7.446, Активни 581

Штип 7.128, Активни 274

Струмица 6.692, Активни 338

Кичево 4.602, Активни 237

Кочани 4.310, Активни 158

Струга 4.124, Активни 171

Гевгелија 3.267, Активни 242

Неготино 2.830, Активни 158

Свети Николе 2.256, Активни 86

Ресен 2.086, Активни 172

Крива Паланка 2.074, Активни 96

Радовиш 2.017, Активни 180

Делчево 1.581, Активни 92

Берово 1.538, Активни 52

Дебар 1.479, Активни 17

Виница 1.220, Активни 33

Пробиштип 1.208, Активни 53

Валандово 1.197, Активни 135

Кратово 818, Активни 28

Крушево 760, Активни 140

Богданци 759, Активни 58

Демир Хисар 701, Активни 50

Македонски Брод 589, Активни 40

Демир Капија 455, Активни 19

Македонска Каменица 454, Активни 25

Пехчево 380, Активни 18

Дојран 190, Активни 7

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе