Жална вест

Почина професорот Димитар Бајалџиев

Долгогодишниот професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први" од Скопје, Димитар Бајалџиев, почина вчера на 78 години, соопшти Правниот факултет. Бајалџиев почна со работа на Правниот факултет во 1969 година како асистент. Во 1977 година го одбранил магистерскиот труд на тема „Важноста на нормите во јавниот живот на луѓето", а за предавател е избран во 1978. Во 1985 година докторирал во Скопје, кога е избран за доцент, а од 1995 година е редовен професор.

Професорот Бајалџиев беше министер за образование и наука од 1992 до 1994 година, а беше и декан на Правниот факултет. 

Посмртните останки на проф. д-р Димитар Бајалџиев ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Бутел утре од 13 до 14 часот.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе