По Мухамед Зекири и Сања Лукаревска, од СДСМ во изолација педесетина лица

Откако потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири објави дека тој и неговото семејство се заразени со коронавирусот, голем број од раководството на владеачката партија се тестираа и веќе се во самоизолација.

Зекири информацијата дека е заразен ја објави откако гостуваше на дебатна емисија на ТВ 24 на која изјави дека доаѓа од состанок со партиското раководство.
Освен неговиот соговорник, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев и новинарката Душица Мрѓа, на тестирање за коронавирусот отишле и голем дел од раководството на СДСМ. Во изолација веќе се и Мрѓа и Јанушев, иако и двајцата имааат негативни тестови.
Епидемиолозите досега во самоизолација го испратија техничкиот премиер Оливер Спасовски (чиј тест бил негативен), позитивен тест имала директорката на УЈП Сања Лукаревска, која е во карантин, во самоизолација се и министрите Дамјан Манчевски и Мила Царовска (негативни тестови)... 
Епидемиолозите дале препорака за изолација на педесетина лица кои биле во контакт со Зекири и Лукаревска. Во изолација се и советниците во Владата Марјан Забрчанец и Фатмир Битиќи, директорот на финансиската полиција Арафат Муареми, директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, заменикот во УЈП Ремзи Абулахи, портпаролката на СДСМ Богданка Кузескаи други вработени во УЈП.
Негативен тест имал и генералниот секретар на СДСМ Лупчо Николовски, директорот на Службен весник Мартин Костовски, градоначалникот на Бутел Велимир Смилевски... Коста Петров, потпретседателот на СДСМ и Славјанка Петровска, дополнителната заменичката министерка за внатрешни работи, имаат негативните тестови на ковид-19 и не добиле препорака од епидемиолозите за изолација.
Од СДСМ велат дека сите нивни членови и раководители строго се придржуваат до пропишаните мерки за заштита и протоколи.
 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе