Позитивен пример за успешно работење

По 30 години реновирана е Службата за итна медицинска помош во Битола

Здравствениот дом во Битола е позитивен пример за успешно работење и во континуитет се реализират активности за зајакнување на кадарот. За три години се реализирани 54 нови вработувања, од кои 24 доктори и 17 медицински сестри. Исто така, одобрени се пет специјализации, две од областа на вонболничка педијатрија и по една од областа на детска превентивна стоматологија, спортска медицина и медицина на труд, велат од Министерството за здравство. 

„Паралелно со тоа се реализирани бројни реконструктивни зафати, во вредност од шест милиони денари. После 30 години комплетно е реновирана Службата за итна медицинска помош, домашно лекување и ургентна стоматологија, каде е отворена и амбуланта во рамки на дневната болница во која дежураат матични доктори, поставена е нова водоводна мрежа, нова електрична инсталација и поставен медицински под. Воедно, реновирани се и службите за детска превентивна стоматологија и за превентивни прегледи на деца од 6 до 18 години.

Во насока на унапредување на здравствените услуги за пациентите, набавена е нова медицинска опрема во вредност над шест милиони денари, како што се: четири апарати за ЕКГ, стрес-тест, подоскоп, повеќе хематолошки бројачи, две столици за транспорт на пациенти по скали, три хематолошки столици за земање крв на пациенти за испитување во лабораториите, ново санитетско возило, стоматолошки стол и по еден спирометар, аудиометар и реакциометар.

Вкупната сума за реализација на овие активности изнесува 12 милиони денари, со средства обезбедени од ЗД Битола.

Сето ова е значаен придонес за унапредување на условите за работа во оваа јавна здравствена установа и за поквалитетна здравствена заштита за пациентите од Битола и околните места“, се вели во соопштението на МЗ. 

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе