Пендаровски - Гир: Извештајот на ЕК е објективна слика за состојбите во државата

Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба со евроамбасадорот дејвид Гир кој му го предаде извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија за 2021 година.

Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, изразил задоволство што Европската комисија повторно го констатирала напредокот на Македонија во исполнувањето на потребните реформи и во извештајот ја реафирмирала подготвеноста на државата за почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ.

„Претседателот Пендаровски изрази очекување за скорешно усвојување на преговарачката рамка од страна на Советот на ЕУ и закажување на првата Меѓувладина конференција помеѓу Европската Унија и Северна Македонија која ќе го означи почетокот на пристапните преговори, согласно препораките на Европската Комисија“, сооптшија од неговиот кабинет.

На средбата, соговорниците разговараа за клучните оценки во извештајот, којшто според претседателот Пендаровски претставува објективна слика за состојбите во државата.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе