Нова помош за македонското здравство

Пандемијата ни од далеку не е завршена, рече Сали примајќи биомедицинска донација од СЗО и УСАИД

Со поддршка од Светската здравствена организација (СЗО) и УСАИД обезбедени се монитори за пациенти, маски за кислород и машини за позитивен притисок на дишните патишта (BiPAP) на две нивоа за што поуспешно справување со ковид-19, биомедицинска опрема во вредност од 6.244.000 денари со што ќе се овозможи унапредување на третманот и грижата за пациентите. „Сакам да потсетам дека пандемијата е далеку од завршена и дека нашиот здравствен систем мора да остане подготвен“, изјави министерот за здравство Беким Сали кој се заблагодари за донацијата.

„Со добиената опрема дополнително се зајакнува нашиот одговор на ковид-19, особено во грижата за пациентите со тешка форма на вирусот. Воедно, сакам да потсетам дека пандемијата е далеку од завршена и дека нашиот здравствен систем мора да остане подготвен и опремен за да спасува животи. За таа цел, заедно со Комисијата за заразни болести во континуитет ја следиме состојбата и искуствата од регионот", рече министерот Сали.

Во соопштението на СЗО и УСАИД се вели дека  мониторите за пациенти се суштински алатки за третман и нега на пациенти со респираторни заболувања и на пациенти на кои им е потребна интензивна нега. Тие обезбедуваат информации за виталните знаци, вклучително и отчукувањата на срцето, крвниот притисок, заситеноста со кислород и други респираторни параметри, кои се користат од медицинскиот персонал за третирање на пациентите. Кислородните маски и машините BiPAP помагаат да се спасат животи со обезбедување навремена и соодветна поддршка за кислородна терапија за пациентите со ковид-19.

Д-р Ане Јохансен, специјален претставник на СЗО во нашата земја и в.д. шефица на Канцеларијата на СЗО во Скопје, истакнаа дека од почетокот на пандемијата двете организации се посветени да ги поддржуваат националните здравствени власти во одговорот на ковид-19, и со техничка соработка и со опрема и дека со ублажување на недостигот на медицинска опрема во ковид -  центрите не само што се поддржуваат здравствените работници во критичните моменти, туку и подготвеноста на здравствениот систем за задоволување на идните, долгорочни потреби.

„Пандемијата со ковид-19 не е завршена, но оваа пандемија не принуди на глобално ниво да ги препознаеме недостатоците на здравствените системи во однос на одговор на ваква јавноздравствена криза. Медицинската опрема што ја доставуваме денеска ќе одговори на некои од тие недостатоци - не само за лекување на пациенти со ковид-19, туку и за други на кои им е потребна интензивна нега и следење, особено за респираторни заболувања. Горди сме што продолжуваме со партнерството со СЗО и Министерството за здравство во нашиот заеднички одговор на ковид-19, кој исто така има за цел да го зајакне здравствениот систем на Северна Македонија", рече Џејмс Стајн, в.д. претставник на Канцеларијата на УСАИД во земјава.

Покрај денешната донација, СЗО и УСАИД во изминатите два месеца обезбедија и дополнителна ИТ опрема во вредност од 836.908 денари за надградба на ИКТ инфраструктурата на Оперативниот центар за итни случаи за јавно здравје и за десетте регионални центри. Исто така, 932.530 денари ИТ опрема беше обезбедена на Институтот за јавно здравје и Центрите за јавно здравје за поддршка на одговорот на пандемијата.

Покрај обезбедувањето биомедицинска и ИТ опрема, како и реагенси и набавки за тестирање, СЗО придонесува во националните напори преку партнерство со УСАИД за голем број други иницијативи, вклучително и градење на здравствениот систем за подготвеност за итни случаи и капацитети за одговор на земјата за време на пандемијата, развој на оперативен центар за итни случаи на јавно здравје и разузнавачка мрежа со десетте регионални центри за јавно здравје низ целата земја; поддршка на градењето капацитети на здравствената работна сила, со цел што подобра подготвеност и одговор, како и борба против дезинформациите за да се зголеми довербата во процесот на вакцинација против коивд-19, се наведува во соопштението.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе