Пак висок бројот на заразени, нови 656 случаи на ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.597 тестирање, а регистрирани се 656 нови случаи на ковид-19: Скопје – 257, Битола – 38, Куманово – 34, Прилеп – 31, Штип – 30, Кавадарци – 27, Тетово – 26, Велес – 24, Кочани – 23, Охрид и Крива Паланка – по 18, Струмица, Неготино и Делчево – по 13, Гевгелија – 12, Кратово – 11, Радовиш – 10, Ресен, Пробиштип и Демир Хисар – по 8, Струга – 6, Кичево, Свети Николе, Крушево и Македонска Каменица – по 4, Берово, Виница, Богданци и Демир Капија – по 3.

Регистрирани сe 273 оздравени пациент од: Скопје – 153, Куманово – 20, Кочани – 16, Прилеп – 14, Кавадараци – 12, Велес – 10, Битола, Штип и Крива Паланка – по 6, Тетово и Неготино – по 4, Делчево – 3, Струмица, Струга, Гевгелија, Радовиш, Виница, Пробиштип и Крушево - по 2, Гостивар, Охрид, Ресен, Кратово и Демир Хисар – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 4 починати лица од Скопје (67г, 76г, 80г и 86г), 2 починати лица од Куманово (65г и 70г) и по едно починато лице од Гевгелија (71г), Кавадарци (84г), Охрид (76г), Прилеп (71г), Радовиш (70г), Свети Николе (83г) и Штип (74г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, се пријавени осум починати лица со датум на смрт од 31.10.2021 до 08.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (4), Прилеп (1), Охрид (1), Кавадарци (1) и Велес (1) на возраст од 49 до 89 години, од кои 2 се починати во домашни услови и 6 во болнички услови.

Направени се 3.597 тест преку: ИЈЗ-355, ЦЈЗ Скопје-79, ЦЈЗ Битола-110, ЦЈЗ Прилеп-52,

ЦЈЗ Тетово–86, ЦЈЗ Куманово-54, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–337, Жан Митрев (Филип Втори)-90, Авицена-124, Биотек-166, Систина-64, лабораторија Лаор-110, Синлаб-15, Ремедика-26, Плодност–45, Генеа-7, Никоб лаб-250, ВФВ Медикал-46, Ели Медика-46, Ројал Медика –18, Спектра-ММ-4, Рапид Лаб – 3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.510.

Досега во земјата се направени вкупно 1.415.992 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 207.566, бројот на оздравени пациенти е 191.922, на починати е 7.276, а бројот на активни случаи изнесува 8.368.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)

Скопје 90.752, активни 3.822
Куманово 12.565, активни 410
Тетово 11.175, активни 218
Прилеп 9.755, активни 395
Гостивар 8.029, активни 38
Битола 7.907, активни 580
Велес 7.015, активни 369
Кавадарци 6.556, активни 351
Штип 6.364, активни 261
Охрид 6.245, активни 214
Струмица 5.956, активни 106
Кичево 4.172, активни 117
Струга 3.865, активни 54
Кочани 3.749, активни 232
Гевгелија 2.650, активни 135
Неготино 2.470, активни 96
Свети Николе 2.059, активни 89
Крива Паланка 1.766, активни 177
Радовиш 1.654, активни 74
Ресен 1.631, активни 72
Дебар 1.453, активни 3
Берово 1.304, активни 59
Делчево 1.249, активни 106
Виница 1.112, активни 38
Пробиштип 1081, активни 76
Валандово 871, активни 22
Кратово 698, активни 59
Богданци 607, активни 28
Крушево 568, активни 28
Демир Хисар 535, активни 67
Македонски Брод 482, активни 7
Демир Капија 413, активни 4
Македонска Каменица 381, активни 52
Пехчево 325, активни 3
Дојран 152, активни 6. 

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе