Направена втората трансплантација

Пациентка која лани настрадала во сообраќајка доби коскено ткиво од починат донор

На Клиниката за ТОАРИЛУЦ, утрово беше направена втората трансплантација на коскено ткиво од починат донор, напиша на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

„Тимот на д-р Александар Трајановски изведе сложена операција кај 40 годишна пациентка од Штип, која минатата година при сообраќајна незгода се здобила со скршеница на десната бутна коска. Поради незараснување на скршеницата кај пацентката, денеска на тоа место и беше трансплантирано коскено ткиво од починат донор. Ова е втора трансплантација на коскено ткиво од починат донор на оваа клиника. Пред два месеци беше трансплантирана коска кај млада пациентка која се лекува од малигна болест на коските. Уште еднаш благодароност до семејството на донор за нивниот хуман гест и до тимот на лекари кои ја направија трансплантацијата. На пациентката и посакуваме брзо опоравување", напиша Филипче.

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе