Министерство за здравство

Основците од денеска без маски на училиште, на факултетите настава со физичко присуство и маски

Основците од денеска ќе можат да посетуваат настава со физичко присуство без задолжително носење заштитна маска, откако Владата на вчерашната седница го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за олеснување на дел од ковид мерките што важеа за учениците во основните училишта.

Одлуката стапува на сила од денеска и ќе важи сé до доставување на евентуален нов предлог од страна на Комисијата за заразни болести. Сепак, оние ученици кои ќе сакаат, можат и понатаму да носат заштитна за време на престојот во училишниот објект. За наставниците и останатите вработени во училиштата останува обврската за носење маски.

Покрај, ова Владата реши и да започне настава со физичко присуство на факултетите во земјата со почитување на препорачаните превентивни мерки за превенција од коронавирус ковид-19, задолжително носење заштитни маски во затворен простор, одржување на физичко растојание од еден до два метри, зачестена хигиена на рацете со задолжителна дезинфекција пред влезовите во предавалните, амфитеатрите, вежбалните, односно негрупирање и често проветрување на затворените простории, со препорака за вакцинација на студентите и наставниот кадар на факултетите во државата.

Влада одобри и да се зголеми максималната исполнетост на капацитетот на отворен и затворен простор од досегашниот најмногу до 50 отсто, на најмногу до 75 проценти, со задолжително носење на заштитни маски за културни настани – театри, кина, филхармонија, како и семинари, обуки, состаноци, конференции и слично.

Се укинува и обврската за обезбедување редарски служби во економските оператори, како задолжително поседување сертификат или потврда за извршена имунизација, односно примени две дози на вакцина против Ковид-19 или за прележан ковид-19 во последните 180 дена, за посета на угостителски објекти на отворено. Во исто време, за затворените делови останува обврската за задолжително поседување на сертификатите за вакцинација или за прележаност.

Владината одлука доаѓа во услови кога, според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 21 до 27 март, продолжува намалувањето на бројот на заразени и хоспитализирани од ковид-19. Во 94,7 отсто од испитуваните примероци е потврден омикрон „стелт“ сојот, кој доминира во земјава, додека во 5,3 отсто од испитуваните примероци е докажана BA.1 сублинијата на омикрон.

Продолжуваат апелите на надлежните за вакцинација бидејќи, како што велат, тоа е единствениот начин за заштита од коронавирусот. Заклучно со 24 март, според вчерашните податоци од ИЈЗ, вакцинирани се вкупно 872.652 лица со барем една доза на вакцина против ковид-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани со две дози се 852.855, а со трета доза 152.109 лица.

Заклучно со 24 март, вакцинирани се вкупно 872.652 лица со барем една доза на вакцина против ковид-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се 852.855, а со трета доза 152.109 лица.

Во посочениот период се тестирани вкупно 16.074 материјали, а регистрирани се 1.696 нови позитивни случаи, што е за 7,5 отсто помалку во однос на претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 4,0 отсто до 14,3 отсто, просечно 10,1 отсто. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.032; 60,8 отсто), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 224,2/100.000 и Скопје – 162,7/100.000.

Како заболени се регистрирани лица во сите возрасни групи – најзастапени се лица над 60 години, а најмал бројот кај возрасната група од 0-9 години.

Со статус „оздравени“ се стекнале 1.738 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување, 1,7 отсто помалку во споредба со претходната недела. Пријавени се 268 реинфекции, со намалување од 13,3 отсто.

Евидентирани се 17 смртни случаи, за 13,3 отсто повеќе во однос на претходната недела (n=15). Најголем дел од нив се од Скопје (8). Во однос на возраста, 16 починати се над 60 години, а еден од возрасната група од 50-59 години.

Во „Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика“ при ИЈЗ, во текот на изминатата недела, е изведен ПЦР тестот базиран на Single Nucleotide polymorphism со користење на Vir SNiP SARS CoV 2 Spike S371L S373P за детекција на SARS CoV-2 кај 95 позитивни примероци на SARS-CoV-2 од болнички и примероци од пунктовите.

Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 82 лица (24,8 отсто помалку во споредба со претходна недела), од нив 33 се на кислородна поддршка, а еден на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Во земјава, според вчерашните податоци, се активни 1.782 случаи со ковид-19, од кои најголем број 1.006 се во Скопје, додека во Крива Паланка нема ниту еден активен случај.

Од вкупно 2.776 направени тестови во текот претходното деноноќие, регистрирани се 310 нови случаи со ковид-19. Од вкупниот број заболени, 48 се реинфекции. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, регистрирани се и 355 оздравени пациенти и шест починати починати.

Досега во земјата се направени вкупно 1.957.834 тестирања на ковид-19. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 305.423, бројот на оздравени пациенти е 294.427, на починати е 9.214.

Во меѓувреме, американската Агенција за храна и лекови (ФДА) одобри уште една засилувачка доза на вакцините против ковид-19 од производителите „Фајзер“ или „Модерна“ за лица над 50-годишна возраст.

Тоа значи дека лицата од оваа возрасна група ќе можат да примат вакцина најмалку четири месеци по нивното ревакцинирање со третата доза.

Досега, ФДА дозволуваше четвртата доза само за лица над 12 години кои имаат сериозно ослабен имунолошки систем. Агенцијата соопшти и дека оваа „особено кревка група“ може да добие и дополнителен засилувач – петта доза.

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе