Бројката на заразени повторно голема

Огромен број од заболените со ковид-19 во Чаир и Студеничани се поврзани со 10 семејства, соопшти Филипче

Министерот за здравство, Венко Филипче соопшти дека бројките конечни за заболени од денес не се стасани бидејќи се чека детална анализа од приватна установа, но посочи начелно дека од 868 тестирана има 67 позитивни пациенти во последните 24 часа, 25 оздравени и 1 починат.

На Клиниката за инфективни болести примени се 6 пациенти и има вкупно 40 сега, 16 се на кислородна поддршка, а нема на механичка вентилација. Во болницата „8 септември" има 27 пациенти од кои 6 на респираторна машина. Ќе се тестираат сите во конфекциите во Штип. Во Тетово има 9 решенија за позитивни на ковид-19, 54 лица се во изолација. Таму има еден нов кластер во една фирма во Тетово и се контактира со сите вработени", соопшти министерот Филипче.

Филипче во Липково од вчера извести дека од 12 позитивни од Куманово, 11 се од Липково и таму се работи интензивно на терен, а посочи дека во Чаир и Студеничани има огромен број на заболени кои се поврзани со 10 семејства.

„Во Скопје Чаир и Студеничани, огромен број се во рамките на 10 семејства и се прават интервјуа, се ставаат лица во изолација и се прават контакти. Има позитивни на ковид-19 во објекти за стари лица во Ченто и Кадино. Во едниот има 2 штитенички, а во другиот заболени се тројца вработени. Имаме информација за позитивен полицаец од пограничната полиција кој е вратен од Унгарија и е позитивен и се направени анализи за сите кои контактирале со него.За рестриктивните мерки кои ги најавивме , Комисијата ги разгледува и нема одлука, ги разгледуваме сите можни решенија, но конечното решение ќе го донесеме утре или во четврток.

Имаме знаење, капацитети, опрема, системот е надграден, оцени денеска министерот за здравство Венко Филипче за тоа дали здравствениот систем е подготвен за овој нов бран на заболени од коронавирусот.

„Сега ни е полесно затоа што на почетокот имавме многу непознати, но сега е поинаку. Кластерите ни се познати, ги знаеме контактите на веќе заболените, знаеме точно што се случува. Епидемијата е под контрола", оцени повторно Филипче и повика на придржување на мерките и на пропишаните протоколи.

Министерот Филипче им порача на граѓаните дека игнорирањето на вирусот и мислење дека тој не постои нема воопшто да ни помогне.

„Дистанца, маска и редовно миење на раце е единствен механизам како да го победиме вирусот. Повторното затворање дома можеме да го избегнеме само со почитување на мерките. Комисијата за заразни болести интензивно работеше и се разгледува можноста за враќање на рестрикциите , но одлуката ќе ја донесеме во текот на следните денови. Во Комисијата има врвни експерти кои даваат несебичен придонес во оваа работа и искуството го црпат од претходните епидемии и пандемииа можното враќање на рестрикциите во одредени региони Филипче вели дека сѐ уште ги анализираат бројките на новозаразените, од каде потекнуваат. Нема нешто непознато и некакво изненадување за нов кластер. До четврток или петок, ќе има некаква одлука, а сега за сега нема. Ќе се разгледаат регионите во неколку населби за тоа како треба сето ова да се организира за што се неопходни разговори и со МВР“, рече Филипче.

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе