Од ковид-19 во болниците низ државата се лекуваат 1.302 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава, освен во Скопје, се лекуваат вкупно 805 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информира Министерството за здравство.

Според дневните извештаи од болниците, во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19, во болницата во Штип се хоспитализирани 60 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 47 болни, а во Куманово 104 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 97, во ковид центарот во Гостивар 57, а во Струга 44 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 65 пациенти, во Кочани 17, во Кичево 10, Кавадарци 53, во Гевгелија 20 лица, а во Дебар 11 позитивни  и суспектни на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.302 и има околу 190 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе