Министерство за здравство

Нови три сомнителни случаи тестирани за коронавирус, за двајца резултатите негативни, за едниот се очекуваат

Три лица денеска се пријавиле на Инфективната болница со симптоми на грип, на кои им се извршени тестирања за коронавирусот. Кај двете лица резултатите се негативни, а за едното лице резултатите се очекуваат за половина час.

Ова го соопшти министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека станува збор за наши граѓани кои изминатиот период патувале во Италија, а сами се пријавиле на Инфективната клиника.

Додаде дека во попладневните часови се очекува да пристигне уште еден авион од Италија на Скопскиот аеродром.

Министерот Филипче рече дека маската е заштита, но не е начин за целосна заштита бидејќи вирусот извесно време останува на рацете.

Министерот изјави дека засега нема потреба да бара откажување на масовни собири или манифестации, но додаде дека состојбата будно ја следат и не е исклучена и таа мерка за забрана на истите.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе