Министерство за здравство

Нови 815 случаи и 396 оздравени, од ковид-19 во последните 24 часа починаа 20 лица

Во последните 24 часа се направени 2.664 тестирања, а регистрирани се 815 нови случаи на ковид-19. Институтот за јавно здравје регистрира 396 оздравени пациенти. Починати се 20 лица. Бројот на активни пациенти е 22.330, соопшти Министерството за здравство.

Нови случаи на ковид-19 регистрирани се во Скопје-329, Куманово-37, Дебар-1, Штип-26, Прилеп-46, Тетово-51, Струга-28, Велес-24, Битола-52, Охрид-28, Кавадарци-31, Гостивар-36, Гевгелија-9, Струмица-20, Крива Паланка-12, Радовиш-12, Крушево-2, Кочани-9, Пробиштип-3, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Пехчево –1, Берово-5, Валандово-5, Виница-1, Делчево-4, Кратово-1, Свети Николе-4, Кичево-6, Ресен-9, Неготино-19.  

Оздравени пациенти се регистрирани во Скопје-79, Куманово-27, Дебар-1, Штип-21, Прилеп-34,  Тетово-29,  Велес-20, Битола-37, Кавадарци-15, Гостивар-32, Гевгелија-10, Струмица-12, Крива Паланка-5, Радовиш-8, Крушево-1, Кочани-14, Пробиштип-2, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-4, Виница-4, Свети Николе-13, Кичево-14, Ресен-3 и Неготино-6.

 Осум пациенти лица се од Скопје (76, 65, 84, 64, 71, 80, 51, 74г), еден од Штип (82г), двајца од Прилеп (68 и 72г), еден од Струга (78г), двајца од Велес (70 и 65г), еден од Битола (84г), еден од Кавадарци (68г), двајца пациенти од Гостивар (64 и 89г), еден од Струмица (63г) и еден пациент од Берово (77г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 77.949, бројката на оздравени пациенти е 53.345, на починати е 2.274, а бројот на активни случаи изнесува 22.330. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 33.643, активни 11.956

• Куманово 4.448, активни 622

• Дебар 586, активни 171

• Штип 3.177, активни 412

• Прилеп 3.914, активни 880

• Тетово 4.587, активни 1.009

• Струга 1.896, активни 440

• Велес 2.595, активни 652

• Битола 2.849, активни 829

• Охрид 2.196, активни 651

• Кавадарци 1.863, активни 635

• Гостивар 3.220, активни 720

• Гевгелија 1.035, активни 318 (70 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 176 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 2.142, активни 623

• Крива Паланка 562, активни 133

• Радовиш 576, активни 142

• Крушево 154, активни 70

• Кочани 1.511, активни 280

• Пробиштип 424, активни 63

• Демир Хисар 227, активни 47

• Македонски Брод 209, активни 36

• Пехчево 128, активни 21

• Берово 468, активни 96

• Валандово 274, активни 60

• Виница 426, активни 103

• Делчево 641, активни 289 (178 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 181, активни 26

• Свети Николе 1.008, активни 162

• Кичево 1.500, активни 329

• Ресен 592, активни 169

• Неготино 917, активни 386 (147 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2.664 теста се преку: ИЈЗ-689, ЦЈЗ Скопје-79,  Авицена-215, Биотек-167, МАНУ -184,  Жан Митрев (Филип Втори)-162, Систина со ПЦР метода-133, лабораторија Лаор–37, Судска медицина-3, ЦЈЗ Битола-66, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-64, Ремедика-29, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -830, УК Пулмологија со алергологија –4, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 379.229 тестирања на ковид -19.

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе