четврток, 18 април 2024

Ковачевски со СДСМ ја стартуваше кампањата, вели дека на изборите ќе стави печат на голема победа

Убеден сум дека за 20 дена од денеска заедно ќе ставиме печат на голема победа и успех за европска Македонија. СДСМ и Коалицијата за европска иднина ќе добијат голема поддршка од граѓаните и ќе ја формираме новата Влада која најдоцна до 2030 година ќе ја однесе државата во ЕУ, но и ќе ја донесе Европа тука во Македонија, порача денеска претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски и носител на Изборната едница 1 на настанот „Нема откажување од иднинатата“, со кој што СДСМ ја стартуваше кампањата за парламентарните избори. Поддршка преку видео-обраќање упати Олаф Шолц.

Објавено на

часот

Сподели

Ковачевски ги претстави резултатите од работењето во досегашниот мандат и ги изнесе плановите за економијата, поддршка на граѓаните, компаниите, за борба со корупцијата….

„Свесни сме и дека направивме голем број грешки и преземам одговорност за тоа. Знаеме дека граѓаните се разочарани од растот на цените, од корупцијата, самоволието, неработењето и злоупотребите на дел од политичарите. Да, граѓаните се во право и ги прифаќам нивните критики за направените грешки. Само оној што е самокритичен и свесен за своите грешки има моќ да ги исправи. Затоа креиравме издржан и остварлив план што е преточен во нашата програма за наредните четири години“, наведе Ковачевски.

Најави, како што рече, конечна, решителна и поефикасна борба против криминалот и корупцијата.

„Нема веќе да има предмети по фиоки и конечно ќе го спроведеме ветингот на судиите и јавните обвинители, кому тоа му се допаѓало или не. Ќе се апочне прво од кандидатите за пратеници во Првата изборна единица, ќе се продлжи со политичарите и ќе се пресели кај судиите, обвинителите и кај сите оние кои во изминатите 32 години ‘згрнаа’ богатство“, рече Ковачевски.

Главниот фокус, посочи, останува членството во ЕУ за кое, нагласи, нема друга алтернатива со цел да се изгради држава како што посакуваме.

„ЕУ е единствениот начин да се сменат работите на подобро.Нема откажување од завршување на преговорите со ЕУ до 2028 година и исполнување на сонот Макеоднија да биде дел од ЕУ до 2030 година“, рече Ковачевски.

Тој упати критики до опозициската ВМРО-ДПМНЕ на која ѝ порача дека „со манипулации со зборување едно зад вратата, а друго на улица, не се води држава“.

Меѓу останатото Ковачевски најави дека раководни места во министерствата и институциите ќе има само за оние што навистина го заслужуваат тоа со својата посветеност и професионалност.

Настанот почна со видео обраќање од членот на германската сестринска партија ПЕС, Олаф Шолц, со порака дека за силна ЕУ е потребен процесот на проширување со Северна Македонија и државите од Западен Балкан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ