Министерство за здравство

436 новозаразени на ковид-19, 15 починати, активни се 8.393 лица

Од направени 3.447 тестирања во последните 24 часа регистрирани се 436 нови случаи на ковид-19. Регистрирани се и 15 починати лица, од кои најмногу во Скопје-7, по две починати лица се од Кавадарци и Радовиш и по едно лице од Кратово, Куманово, Прилеп и Крива Паланка.

Во Скопје нвозаразени се 218 лица, во Битола – 40, Прилеп – 25, Кавадарци – 22, Велес –16, Куманово – 15, Тетово и Кочани – по 14, Штип – 13, Делчево – 12, Охрид – 9, Струмица и Берово – по 7, Ресен  - 6, Крива Паланка – 5, Неготино, Виница и Македонска Каменица – по 4, Кичево, Гевгелија, Валандово, Богданци, Демир Хисар и Крушево – по 3, Радовиш, Пробиштип и Кратово – по 2, Струга, Свети Николе, Македонски Брод и Дојран – по 1.

Регистрирани сe 336 оздравени пациенти. Во регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, се пријавени 2 починати лица со датум на смрт од 20 и 24 ноември. Регистрираните починати лица се од Кочани (1) и Струга (1). Починатите лица се на возраст од 74 и 77г. Двете лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.465.204 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 214.676, бројот на оздравени пациенти е 198.755, на починати е 7.528, а бројот на активни случаи изнесува 8.393.

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе

Оние кои што најмногу сакаат карикатури засновани на црн хумор, имале највисоки мерки на вербалните и невербалните тестови на интелигенција, односно потребна е извесна интелигенција, добро расположение и смиреност да се препознае и ужива во црниот хумор, покажуваат истражувањата.

повеќе

Засега нема причина за паника, но треба внимателно да му пристапиме на наративот дека омикрон предизвикува лесна форма на КОВИД-19 која побрзо ќе доведе до крај на пандемијата.

повеќе