Нови 435 случаи на ковид-19, починаа уште 9 лица

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 6.651 тестирање, а регистрирани се 435 нови случаи на ковид-19: Скопје – 214, Битола – 36, Охрид – 25, Прилеп – 21, Кавадарци – 17, Куманово – 16, Струмица – 12, Гевгелија и Ресен - по 11, Кичево и Неготино – по 9, Гостивар, Велес и Штип – по 7, Тетово – 6, Струга и Радовиш – по 5, Кочани – 4, Валандово, Богданци и Демир Хисар – по 3, Свети Николе, Делчево, Пробиштип и Дојран – по 1. 

Регистрирани сe 534 оздравени пациенти од: Скопје – 233, Битола – 51, Прилеп – 32, Велес – 29, Кавадарци – 21, Охрид и Тетово – по 20, Гевгелија – 14, Куманово и Струмица - по 12, Кичево – 10, Демир Хисар – 9, Кочани – 8, Штип – 7, Богданци и Македонска Каменица – по 6, Неготино, Валандово и Свети Николе – по 5, Струга, Радовиш и Виница – по 4, Гостивар, Пробиштип, Крива Паланка и Крушево – по 3, Ресен – 2, Делчево, Дојран и Демир Капија – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: 2 починати лица од Скопје (60г и 91г), и по едно починато лице од Кичево (76г), Битола (69г), Македонски Брод (44г) и Дебар (80г). Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се 3 починати лица, 2 од Скопје (47г и 67г) и едно лице од Кичево (87г). Од пријавените лица, 2 од нив се починати во домашни а едно лице во болнички услови.

Направени се 6.651 тестови преку: ИЈЗ-326, ЦЈЗ Скопје-35, ЦЈЗ Битола-124, ЦЈЗ Прилеп-52, ЦЈЗ Тетово–7, ЦЈЗ Куманово-176, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–153, Жан Митрев (Филип Втори)-177, Авицена-180, Биотек-351, Систина-40, лабораторија Лаор-1.062, Синлаб-158, Ремедика-9, Плодност-44, Генеа-9, Никоб лаб-625, ВФВ Медикал-166, Ели Медика-104, Ројал Медика–274, Спектра-ММ-12, Рапид Лаб–61, Жан Митрев Струмица–47, Нова Лаб Дијагностика–16, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.437.

Досега во земјата се направени вкупно 1.604.163 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 225.484, бројот на оздравени пациенти е 212.380, на починати е 7.969, а бројот на активни случаи изнесува 5.135.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 99.232, Активни 2.633
Куманово 13.160, Активни 115
Тетово 11.435, Активни 62
Прилеп 10.862, Активни 349
Битола 9.367, Активни 392
Гостивар 8.090, Активни 16
Велес 7.532, Активни 118
Кавадарци 7.478, Активни 199
Охрид 6.871, Активни 262
Штип 6.772, Активни 86
Струмица 6.329, Активни 162
Кичево 4.344, Активни 73
Кочани 4.120, Активни 50
Струга 3.948, Активни 36
Гевгелија 2.970, Активни 103
Неготино 2.649, Активни 40
Свети Николе 2.157, Активни 23
Крива Паланка 1.967, Активни 38
Ресен 1.898, Активни 102
Радовиш 1.823, Активни 39
Берово 1.483, Активни 10
Делчево 1.472, Активни 32
Дебар 1.458, Активни 0
Виница 1.180, Активни 7
Пробиштип 1.144, Активни 8
Валандово 1.053, Активни 66
Кратово 790, Активни 4
Богданци 694, Активни 29
Демир Хисар 649, Активни 21
Крушево 609, Активни 11
Македонски Брод 545, Активни 31
Демир Капија 438, Активни 9
Македонска Каменица 430, Активни 6
Пехчево 359, Активни 0
Дојран 176, Активни 3.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе