Нови 316 случаи на ковид-19, починаа уште 14 лица

Денеска се регистрирани 316 нови лабораториски позитивни случаи на ковид-19 со што вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 194.891 Оздравени се 240 пациенти, во изминативе 24 часа починале 10 пациенти со ковид-19.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.486 тестирања, а регистрирани се 316 нови случаи на ковид-19: Скопје – 140, Куманово – 38, Велес и Штип – по 19, Кавадарци – 16, Прилеп и Охрид – по 12, Струмица – 11, Битола – 8, Пробиштип – 6, Тетово и Свети Николе – по 5, Неготино и Крива Паланка – по 4, Струга и Кратово – по 3, Кичево, Кочани и Гевгелија – по 2, Радовиш, Виница, Крушево, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани сe 240 оздравени пациенти од: Скопје – 107, Куманово – 27, Штип и Кочани – по 14, Велес – 12, Кавадарци – 11, Прилеп – 10, Битола – 9, Гевгелија – 8, Тетово – 7, Кичево – 6, Кратово и Демир Хисар – по 3, Охрид – 2, Свети Николе, Неготино, Радовиш, Ресен, Делчево, Богданци и Македонски Брод – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 10 лица: 3 починати лица од Куманово (32г, 72г и 77г), по 2 починати лица од Охрид (59г и 64г) и Свети Николе (66г и 68г) и по едно починато лице од Крива Паланка (88г), Берово (74г) и Скопје (69г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 13.09.2021 до 17.09.2021 година. Регистрирани се 2 лица од Гостивар и по едно лице од Куманово, и Ресен на возраст од 46 до 68 години. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Направени се 3.486 тестови преку: ИЈЗ-357, ЦЈЗ Скопје-29, ЦЈЗ Битола-52, ЦЈЗ Прилеп-53, ЦЈЗ Тетово–39, ЦЈЗ Куманово-51, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–291, Жан Митрев (Филип Втори)-64, Авицена-117, Биотек-134, Систина-41, лабораторија Лаор-185, Синлаб-14, Ремедика-3, Плодност–59, Генеа-16, Никоб лаб-400, ВФВ Медикал-35, Ели Медика-47, Ројал Медика –25, Спектра-ММ-1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.473.

Досега во земјата се направени вкупно 1.323.365 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 194.891 бројката на оздравени пациенти е 181.031, на починати е 6.831, а бројот на активни случаи изнесува 7.029.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе