Нови 2.071 случај на ковид-19, 275 од нив се заразиле по втор пат

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 6.010 тестови, а регистрирани се 2.071 нов случај на ковид-19: Скопје – 1.047, Битола – 178, Кавадарци – 89, Куманово – 73, Тетово - 66, Гевгелија – 63, Прилеп – 47, Кочани – 42, Велес – 41, Гостивар – 39, Неготино – 37, Струмица – 33, Кичево и Ресен – по 28, Охрид, Берово и Валандово – по 25, Делчево – 24, Штип – 22, Струга и Радовиш - по 21, Свети Николе – 14, Крушево и Демир Хисар – по 11, Богданци – 10, Крива Паланка – 9, Македонска Каменица – 8, Дебар, Пробиштип, Кратово и Пехчево – по 6, Виница и Македонски Брод – по 3, Демир Капија и Дојран – по 2.

Од вкупниот број на позитивни (2.071), регистрирани се 275 реинфекции.

Регистрирани сe 1.450 оздравени пациенти од: Скопје – 702, Битола- 158, Прилеп – 116, Куманово – 55, Кавадарци – 48, Охрид – 33, Штип – 30, Велес – 28, Струмица – 27, Радовиш – 26, Валандово – 24, Гевгелија – 23, Тетово – 21, Гостивар и Кичево – по 19, Ресен – 16, Кочани, Неготино и Крушево – по 14, Свети Николе - 12, Берово и Пробиштип – по 8, Струга и Крива Паланка – по 7, Богданци – 4, Пехчево и Демир Капија – по 3, Демир Хисар, Кратово, Виница и Македонски Брод – по 2, Делчево, Дебар и Дојран - по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 4 починати лица од Скопје (66г, 70г, 85г и 91г), 2 од Велес (54г, и 89г) и по едно починато лице од Гевгелија (59г), Струга (86г) и Делчево (61г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се две починати лица од Скопје (84г и 88г).

Едното починато лице е пријавено со дата на смрт на 5.01.2022г, додека второто лице е на 20.01.2022г. Пријавените лица се починати во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=11), четири лица се целосно вакцинирани.

Направени се 6.010 тестови преку: ИЈЗ-520, ЦЈЗ Скопје-118, ЦЈЗ Битола-67, ЦЈЗ Прилеп-47, ЦЈЗ Тетово–16, ЦЈЗ Куманово-76, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-5, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-23, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–79, Жан Митрев (Филип Втори)-180, Авицена-270, Биотек-325, Систина-108, лабораторија Лаор-122, Синлаб-61, Ремедика-16, Плодност-111, Генеа-37, Никоб Лаб-658, ВФВ Медикал-73, Ели Медика-68, Ројал Медика–32, Спектра-ММ-51, Рапид Лаб–49, Жан Митрев Струмица–28, Нова Лаб Дијагностика–9, Рамус-55, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.803.

Досега во земјата се направени вкупно 1.733.866 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 252.947, бројот на оздравени пациенти е 225.056, на починати е 8.177, а бројот на активни случаи изнесува 19.714.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 11.4231, Активни 10.627
Куманово 14.168, Активни 749
Прилеп 12.273, Активни 930
Тетово 11.920, Активни 397
Битола 11.769, Активни 1.619
Гостивар 8.475, Активни 292
Кавадарци 8.217, Активни 492
Велес 8.024, Активни 361
Охрид 7.614, Активни 607
Штип 7.244, Активни 305
Струмица 6.839, Активни 419
Кичево 4.721, Активни 299
Кочани 4.430, Активни 228
Струга 4.211, Активни 228
Гевгелија 3.435, Активни 332
Неготино 2.918, Активни 202
Свети Николе 2.310, Активни 112
Ресен 2.184, Активни 229
Крива Паланка 2.119, Активни 116
Радовиш 2.093, Активни 200
Делчево 1.651, Активни 135
Берово 1.597, Активни 98
Дебар 1.487, Активни 21
Виница 1.235, Активни 37
Валандово 1.251, Активни 145
Пробиштип 1.223, Активни 49
Кратово 852, Активни 57
Крушево 792, Активни 144
Богданци 791, Активни 72
Демир Хисар 735, Активни 70
Македонски Брод 604, Активни 40
Македонска Каменица 473, Активни 40
Демир Капија 464, Активни 23
Пехчево 398, Активни 26
Дојран 199, Активни 13. 

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе