Отворено писмо до Спасовски

Независниот академски синдикат бара исплата на минат труд од основниот буџет на МОН

Независниот академски синдикат (НАкС) во отворено писмо до премиерот Оливер Спасовски го изразува незадоволството од нерешениот проблем со исплатата на ветените 10 проценти од јануарската плата за вработените во високото образование и, како што наведува, „поради нечии лични интереси кои немаат допирни точки со заложбата за унапредување на положбата на вработените, се испроблематизира начинот на кој ќе се изврши ветеното покачување“.

„Во низата средби и преговори со владините претставници, за кои Независниот академски синдикат редовно ја информираше јавноста, предложивме повеќе решенија кои беа во рамките на законот и изводливи од самиот почеток. Едно од решенијата беше измената на Законот за исплата на плати, кое се најде во собраниска процедура. За жал, претседателот на Комисијата за труд и социјална политика Влатко Ѓорчев, до распуштањето на Собранието, не ја свика Комисијата за да расправа по ова прашање. Не би сакале да навлегуваме во неговите мотиви“, пишува во писмото од НАкС.

Оттаму додаваат дека имаат решенија за надминување на проблемот. Нивниот предлог за измена на Законот за исплата на плати не може да биде разгледан поради распуштање на Собранието, но го известуваат Спасовски премиерот дека нудат уште една опција – на вработените да им се плаќа за минат труд.

„Тргнувајќи од фактот дека средствата за покачувањето на платите во високото
образование се предвидени во Буџетот за 2020 година, можете веќе на следната владина седница да го задолжите ресорниот министер веднаш да отпочне со исплата на минатиот труд од основниот буџет на МОН. Притоа, потенцираме дека тоа не е ветеното покачување од 10 отсто, туку е законска обврска која со години не се реализира – уште еден доказ за тоа колку високото образование е фрлено на маргините на општествениот фокус“, се наведува во писмото.

Синдикатот додава и дека се обидува да биде максимално конструктивен и нуди решенија, има свој предлог колективен договор што е игнориран од ресорниот министер и  дека трпението на неговото членство е исцрпено.

„Исплатата на минатиот труд е само еден мал дел од овој значаен документ. Сепак, извршувањето на исплатата би го сметале за позитивен чекор од Владата и успешен почеток за натамошни преговори. Во спротивно, постои ризик бранот на незадоволството да се излие во форма на протести и во неброени поединечни тужби за неисплатен минат труд“, наведува НАкС во отвореното писмо до премиерот Спасовски.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе