Соопштение на Министерството за здравство

Нема пациенти со мајмунски сипаници, едно лице ќе биде тестирано на вирусот

На Клиниката за инфективни болести нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници, информира Министерството за здравство откако некои медиуми објавија дека синоќа лице од Кичево било на пат кон скопската Клиника, а за кого постоело сомневање дека е заразено со оваа болест.

„Во врска со пациентот кој се споменува во медиумите, според информациите од кичевската болница станува збор за суспектен пациент кој е во добра здравствена состојба и со уредни лабораториски резултати, кај кого е дадена препорака за тестирање.

Во моментов се организира епидемиолошки тим кој ќе спроведе епидемиолошка анкета.

До овој момент не е доставен материјал за тестирање во Институтот за јавно здравје и во државата нема потврден случај на мајмунски сипаници“, се вели во соопштението.

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе