Вонреден инспекциски надзор

Нема недостатоци кај модуларните болници, констатирал Државниот здравствен и санитарен инспекторат

Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршил вонреден инспекциски надзор во 18 модуларни болници и притоа не биле констатирани недостатоци, соопшти Министерството за здравство.

Инспекцијата, како што стои во соопштението, утврдила дека во сите модуларни болници било истакнато на видно место дека е забранета посета и во моментот на надзор не е затекнато присуство на надворешни лица. Исто така, секаде имало истакнат распоред на дежурства на здравствен персонал, лекари и медицински сестри чија бројка е различна согласно капацитетот и бројот на хоспитализирани пациенти. Според Инспекторатот, вработените во модуларните болници се имунизирани, а дел имаат прележано ковид-19.

Во моментот на наздорот, модуларните болници во  Битола, Гостивар и Кочани немале хоспитализирани пациенти.

Модуларната болница во Дебар, пак, од своето пуштање во функција на 21.03.2021 год до 01.07.2021 год била затворена, за потоа да продолжи да функционира како вакцинален пункт.

Модуларната болница во Штип од 29.05 2021 год функционира како инфективно одделение со оглед на тоа што одделението се реновира.

Модуларната болница во Ресен функционира како амбуланта за тријажа, земање материјал за ПЦР тестирање и како дневна болница, но нема пациенти што лежат таму.

Модуларните болници во склоп на ЈЗУ клиника за пулмологија и ЈЗУ УК за детски болници, исто така функционираат како амбуланта за преглед и тријажа.

Во останатите има хоспитализирани пациенти.

По однос на  санитарно-хигиенската состојба, извршената ДДД од овластена установа, селекција и диспозиција на медицински отпад, извршени здравствено - хигенски прегледи, обезбедени доволни количини на ЛЗО, обезбедени доволни количини на средства за дезинфекција, динамика на чистење и дезинфицирање на работните површини  не се констатирани недостатоци.

Во модуларната болница на ЈЗУ УКИБФС - Скопје по принципот на ротација дежураат лекари – специјалисти интернисти од сите клиники на Универзитетскиот клинички центар.

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе