Нема македонски универзитет на Шангајската листа

На Шангаската листа нема универзитет од Македонија. Во првите илјада рангирани универзитети, најгоре на листата се универзитети од САД и Британија, од 400 до 500 место се рангирани универзитетите од Љубљана, Белград и Загреб.

Прв на Шангаската листа - Универзитетот „Харвард“

На најновото рангирање на универзитетите во светот во 2022 година на Шангајската листа, во првите сто се 39 од Соединетите Американски Држави.

Прв на листата е Универзитетот Харвард и, освен два британски – Универзитетот Кембриџ на четврто место и Оксфордскиот на седмо, првите 15 места на листата ги држат американски универзитети.

Кина има девет универзитети рангирани во првите сто, Германија четири, а меѓу стоте најдобри се и универзитети од Франција, Шведска, Данска, Швајцарија Израел, Јапонија, Австралија, Канада...

Земјите од регионот имаат универзитети рангирани во првите илјада на листата – во рангот универзитети меѓу 301 и 400 место е универзитет во Атина, универзитетите во Белград, Загреб и Љубљана се од 401 до 500 место, а со ранг меѓу 901 и 1000 место е Универзитетот во Нови Сад.

На листата нема рангиран универзитет од Македонија.

Легенда под Главна слика

Прв на Шангаската листа - Универзитетот „Харвард“

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе