петок, 10 мај 2024
Избори 2024

Стоилковиќ: Новата власт ќе гради добри односи со Србија, а ДПСМ ќе има министерска позиција

Новата претседателка на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова како и идната влада, ќе градат добри односи со Србија, вели Иван Стоилковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, која е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Тој наведува дека неговата партија ќе има значајна улога во новата влада, со министерска позиција чија цел ќе биде градење на стопснки врски, но и црпење искуства од Белград за изградба на брзи пруги.

Објавено на

часот

Сподели

„За разлика од досегашниот претседател, кој вербално се залагаше за добри односи, во овој случај, кога во прашање е новата претседателка, станува збор за личност која и навистина, а не само вербално, ќе гради добри односи со Србија“, рече Стоилковиќ.

Тој нагласи дека во македонската јавност многу добро одекна честтиката од претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Да бидам искрен, меѓу Србите во Македонија одекна и одговорот на Сиљановска Давкова на српски јазик до Вучиќ. Ако судиме според првичните впечатоци, нѐ очекува подобрување на српско-македонските односи, не само помеѓу српскиот и македонскиот народ, туку помеѓу Србија и Македонија“, изјави Стоилковиќ и потсети дека досегашната политичка структура била наклонета кон антисрпска политика, без оглед, како што рече, декларативните залагања.

Станува збор за низ потези кои беа преземени, а кои се исклучиво од антисрпска природа.

„Новата политичка структура поврзана за идното парламентарно мнозинство и претседателката на Македонија искрено се определени за добри односи со Србија. Ние сме дел од победничката коалиција. Нѐ очекува висока позиција во македонската влада, место на министер.Тие позиции ќе бидат насочени на добра соработка со Србија. Во таа насока, како своја програмска цел го имаме поврзувањето на македонската градежна оператива со ‘Белград експо 2027, што е секако од интерес за македонското стопанство“’, рече Стоилковиќ.

Тој додаде дека Македонија ќе ги користи српските искуства за изградба на брзи пруги со финансиска помош од ЕУ и од други партнери.

Според претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ, почетокот на реализицијата на овој проект сам по себе ќе биде голем македонски успех.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ