Случајот е пријавен во полиција

Наставник тепа ученик, му удира шлаканица, па со две раце го крева и го спушта на земја

Вознемирувачко видео се појави на социјалната мрежа ТикТок, на која се гледа дека повозрасен наставник од основното училиште Панајот Гиновски во скопската населба Бутел, со шлаканици удира дете на час, го крева со двете раце од земја и го спушта, на очиглед на другите ученици во паралелката. Од Министерството за внатрешни работи за „Слободен печат" потврдуваат дека вчера директорката на основното училиште, во попладневните часови, случајот го пријавила во полиција.

Станува збор за наставник по англиски јазик кој во училиштето работел повеќе години.

Како директор ќе го дадам наставникот на дисциплинска комисија и тоа што го пишуа во законот тоа ќе го спроведеме, рече директорката.

Запрашана дали наставникот ќе добие отказ, таа рече дека станува збор за насилство врз малолетно лице.

„Не дозволувам насилство во моето училиште. Разговарав и со наставникот. Нема што да признава или да не признава, има видео. Мојата работа ја завршив најодговорно и пријавив во МВР. Родителите на детето се обидов да ги добијам, но биле на пат и не ми одговорија на повикот. Ќе следува дисциплинска комисија. Ученикот е во 7 одделение, а наставникот е по англиски јазик“, додаде таа за „Слободен печат".

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе