Наставници позитивни на коронавирусот во изолација испратија 177 ученици од училиште во Охрид

Во основното училиште „Братство и единство“ во Охрид 177 ученици се во изолација откако биле во контакт со позитивни професори на коронавирусот. Директорот вели дека во училиштето во целост се спроведуваат протоколите, но решиле наставата одреден период да се следи онлајн.

„Станува збор за ученици од предметна настава и тоа шест паралелки од подрачното училиште во Лескајца (по две од шесто, седмо и деветто одделени) и паралелките од шесто, седмо, осмо и деветто одделение од централното училиште, ученици кои следат настава на турски јазик“, изјави за Охрид 1 директорот на училиштето Џамал Мехмед.

Тој вели дека 98 отсто од наставниот кадар е имунизиран.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе