Заради подигнување на квалитетот на наставата на универзитетите

НАкС бара повеќе финансии за високото образование, за истражувачката работа и платите

Независниот академски синдикат (НАкС) денеска го презентира документот за јавни политики „Квалитетот на наставата во високото образование и науката и услови за повисоки стандарди" изготвен од проф. д-р Петар Атанасов, проф. д-р Бојана Наумовска и доц. д-р Јован Близнаковски. Истражувањето покажа дека малку се инвестира во функција на високообтразованата настава, како најслаб финансиер е државата, а потребната литература за наставниот кадар главно сами ја купуваат професорите. НАкС предлага Владата да усвои повеќе мерки и да основа посебен фонд.

Атанасов ја истакна есенцијалната улога на академската сфера за стабилноста на државата и за општествениот развиток, а Наумовска и Близнаковски истакнаа дека во рамките на истражувачкиот проект беа спроведени повеќе аналитички и истражувачки активности преку анкети, фокус групи и компаративно истражување.. Анкетирани се 400 професори и асистенти од факултетите и 51 професор од научните институти и јавните научни установи од четири државни и еден приватен универзитет.

Согласно резултатите на истражувањето нашиот академскиот кадар доста време посветува на научно истражувачката работа и настава (предавања, вежби и консултации), а помалку на административна работа. Мнозинство од професорите и асистентите кои предаваат на студии од прв циклус работат со групи до 30 студенти по еден предмет, а една третина од нив најчесто работи и со поголеми групи составени од 31 до 100 студенти.

Во однос на достапноста до стручната литература најмалку издвојувања се бележат кај државата, потоа од страна на универзитетот и единицата, од што произлегува дека најголем дел од потребната литература целосно си обезбедуваат самите професори (69,2 %).

Како што се покажа од истражувањето, состојбата со финансирањето на научните, апликативени и уметнички проекти од страна на државата и приватниот сектор и понатаму останува лоша. Поразителен е податокот дека 77,9 % од академскиот кадар од уметничките дејности во последните 5 години не реализирале уметнички проект. Во контекст на тоа што се бара како постигнувања и тоа што се нуди како можности и услови, генералниот став е дека се обезбедува само просечност, а за поголеми успеси и постигнувања, како и за поголема мотивираност потребни се многу поголеми вложувања и соодветна посветеност од страна на државата.

Според истражувањето, едно од најважните прашања на кое треба континуирано да му се посветува најголемо внимание е грижата за изградбата на младиот наставен и научен кадар: нивното вработување, усовршување, напредување, финансирање на нивните истражувања, поддршка за публикување на нивните трудови, како и нивна промоција во значаен и вреден дел од нашата академска и општествена стварност.

Поради подобрување на  квалитетот на наставата се  предлага со заминувањето во пензија на припадници на наставно-научниот кадар да не се згаснуваат нивните работни места и веднаш да бидат примани нови наставници. Се бара од МОН наспроти делењето на стипендии за студирање во сранство, повеќе да издвојува за стипендирање во домашното образование и да се водедат стипендии за втор и трет циклус на студии за талентираните студенти во сите области и обезбедување целосни стипендии за младиот научноистражувачки кадар вработен на универзитетите.

Се бара обезбедување на основните услови и специфичната опрема за наставата. Преземање на сите расположливи мерки за враќање на состојбите кои значат реализирање на настава со физичко присуство. Владата и МОН задолжително да ја финансираат научната и истражувачка дејност на универзитетите, пристапот на соодветна научна литература и отворање на посебен фонд за таа намена и, секако покачување на платите на нивото на колегите од земјите од регионот.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе