Институт за човекови права

На учениците во време на пандемија најмногу им недостасува дружбата по и за време на часовите

Институтот за човекови права спроведе истражување кое се однесува на образованието во време на пандемија. Во истражувањто беа вклучени 15 средни училишта на територијата на Град Скопје, а беа одговорени 1.699 прашалници за ученици. 

Истражувањето за влијанието на пандемијата врз образованието се состоеше од два прашалника наменети за наставници и ученици од средните училишта на територијата на Град Скопје. Процесот на остварување на комуникација со средните училишта на територијата на Град Скопје, доставување на прашалниците и оставање на временски простор за нивно одговарање се одвиваше приближно еден месец односно од 2 ноември 2021 до 4 декември 2021 година. 

Согласно методолошкиот пристап, во истражувањето учествуваа 241 наставник.

Од приближно 20.000 ученици во средните училишта на територијата на Град Скопје, во ова истражување учествуваа вкупно 1.699 ученици. 

Прашалниците се однесуваат на учебната 2020/2021 година и искуствата на учениците при спроведување на наставата на далечина согласно протоколите и плановите донесени од страна на Министерството за образование и наука.

Во учебната 2020/2021 година, учениците и наставниците се соочија со проблеми при почеток на учебната година, односно создавање на нефункционална платформа која дополнително го отежна и одложи почетокот на учебната година.

Во однос на условите во кои учениците ја следеле наставата на далечина, 78% од испитаниците имале услови за следење на наставата на далечина, а 22% одговориле дека немале услови за следење на наставата, што значи дека повеќе од 2/3 од испитаните ученици имале сопствен компјутер со интернет и просторија за следење на наставата на далечина.

Во однос на квалитетот на наставата, односно дали поквалитетна е наставата на далечина или наставата со физичко присуство, 48% од испитаниците сметаат дека наставата на далечина е подобра од настава со физичко присуство, 35% сметаат дека наставата со физичко присуство е подобра. Само 17% сметаат дека нема голема разлика помеѓу двата вида на настава. Ваквите резултати се базираат на личното искуство на учениците и варираат од училиште до училиште.

На прашањето што најмногу ти недостасуваше за време на наставата на далечина, на испитаниците им беа понудени повеќе одговори и тие имаа можност да одберат повеќе од еден одговор.

Одговорот кој беше избран од 1.131 испитаник е дружбата по и за време на часовите, проследено со физичка активност не само за време на часовите наменети за спорт и спортски активности, туку целосниот процес за физичко присуство на часовите односно транспорт и активности со останатите ученици и активност за време на часовите, како и практичните вежби.

Доколку учениците изберат настава на далечина 56% од испитаниците би избрале поради тоа што не се поминува време за одење од и до училиште, 19% би избрале поради полесно совладување на материјалот, 17% би избрале поради поедноставниот начин на предавање, 8% би избрале настава на далечина поради други причини. 

Во однос на практичната настава 64% од испитаниците немале практична настава пред започнување на пандемијата, додека 36% имале. 

Резултатите од истражувањето имаат за цел да ги презентираат предностите и предизвиците со кои се соочиле учениците и наставниците во текот на реализација на наставата на далечина со цел државата да може да извлече препораки како да постапува доколку во иднина се јави потребата повторно наставата да се одвива на далечина.

Согласно добиените одговори може да се заклучи следново:

Наставата со физичко присуство во ниту еден момент по својата суштина нема да може да биде заменета со настава на далечина, особено поради потешкотиите со кои што се соочија наставниците и учениците.

Доколку епидемиолошката ситуација доведе до повторно воведување на наставата на далечина, Министерството за образование и наука треба да ги има предвид претходно наведените препораки кои наставниците и учениците ги воочиле како недостатоци при реализација на наставата на далечина во учебната 2020/2021 година. За таа цел ќе биде потребно да се креираат соодветни платформи каде што ќе биде достапен целиот материјал адаптиран за потребите на наставата на далечина, а воедно и пред нејзино започнување, да бидат спроведени обуки кои ќе ги подготват наставниците да им го овозможат најквалитетното образование на своите ученици.

Исклучително важно е да се обезбедат компјутери или некој друг тип на опрема за ранливите категории, на социјално загрозените и многудетни семејства, поради тоа што се покажа дека за овој вид на настава потребна е и соодветна техничка опрема, која неретко е недостапна за голем дел од наставниците и учениците.

Потребно е да се посвети особено внимание на менталното здравје и благосостојба на учениците и доколку се забележат некои промени или увидат дека некој од учениците има потреба од психолошка поддршка, наставниците да пријават до родителите и службите. Службите за психолошка поддршка треба да создадат сигурна атмосфера каде учениците ќе се чувствуваат удобно да ги споделат своите проблеми, дилеми или едноставно да можат да поразговараат со некого.

Доколку наставата на далечина повторно се воведе, треба да бидат вклучени и родителите на учениците за да се погрижат нивните деца редовно да ја посетуваат наставата, но и да се сигурни дека тие имаат/немаат потреба од психолошка поддршка.

 

 

 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе